• Latest
Бранко Тричковски

Празноверни будали во поход на Ерусалим

September 18, 2021

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Празноверни будали во поход на Ерусалим

September 18, 2021 19:35
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

На „Метрополис“ слушав две жени како ултимативно бараат од возачите по улиците по кои тие одат на работа во „Петар за појадок и пауза“ да даваат жмигавци и да не даваат гас во кривина.

Гас, рекоа водителките, се дава на друго место.

Хахаха, каква досетливост, браво, мајне дамен.

Потоа на една возачка станица на која Северина даваше гас со двете нозе на плафонот, слушав како возачите бараат водителките да не даваат гас на радио затоа што така можат да излетаат од јазикот и од пристојноста.

И да го остават масовното давање на гас во свиоци да си се развива до последниот трепкач, возач и свиок.

И пешак, да.

Нема врска.

Оваа вистинска случка тука е принесена како шлагворт (не се секирајте, јас сум полефтерен и кон возачите и кон морализаторите со проблеми во јазикот) за една друга тема што беше покрената во емисијата:

Зошто луѓето се крстат кога минуваат покрај црква и како таа појава се рашири како шумски пожар, да не речам како пожар во модуларна болница.

Јас мислам: со опасни последици врз менталното здравје на крсташите.

И со лоши знаци за менталното здравје на нацијата.

При што, не сум сигурен дали на луѓето прво им се случува некое пореметување, па како резултат на тоа почнуваат да се крстат или крстењето е првиот симптом на нарушената ментална рамнотежа.

Еве некои мои забелешки:

Прво, крстењето во близина на верски објект, сеедно дали човекот што се крсти е во автобус, на улица или во автомобил, е само една од бројните манифестации на процесот на примитивизацијата, оглупавувањето, излудувањето, хистеризирањето на населението.

Тоа е аспект на поразите што здравиот разум и науката ги трпат на светско ниво. Односно тој феномен мора да се гледа како одраз и израз на вкупните состојби во кои западна македонското општество.

Ако сакаме да го разбереме и реално протолкуваме.

Човекот што се крсти не му се обраќа на Бога.

Не, тој им се обраќа на тие околу него. Им ја покажува својата врска со севишниот. Во рамките на општествените стратификации, крстењето му е начин да ја покаже својата посебност, исклучителност, својот спас.

Трето, има тука и една естрадна димензија со која човекот што се крсти се вклопува во општата естрадизација на општеството. Крстењето за него е тоа што за Мицкоски е гостувањето на Алфа.

Конечно, на тој начин луѓето даваат на знаење дека старите форми на животната реализација, какви што се нацијата, државата, световната култура, науката, и општата чудоредност, не ги задоволуваат, дека се разочарани во нив и преминуваат во новиот орден, ако можеме така да кажеме, на крсташите.

Има и индиции дека не мал број од крсташите се обичен свет, малку идеолошки застранет, луѓе кои се рентираат во крсташките редови за да ја шират атмосферата на одлепеност од стварноста и нормалноста.

Се разбира дека има структури кои го стимулираат овој феномен.

Тие што се крстат се како подвижни рекламни паноа на кои пишува: Македонија е мртва, разумот е мртов, само нашата верба во Исус е жива.

Хахаха.

Но, акцентот не е во тоа колку нивната верба односно парада се живи, туку колку ние останатите сме мртви. Во таа своја димензија тие се во своевиден крстоносен поход против Македонија и против нормалноста, во името на папата што кај нас е регистриран како началник на Горското началство на вмро-дпмне.

Празноверни будали во поход на Ерусалим.

Еден умен човек беше рекол вака: За да се биде слободен не е потребно само да се сака да се биде слободен – потребно е да се сака да не се биде премногу слободен.

Ха, премногу!?

Како Македонците на Фејсбук.

Или на малите екрани.

И пред нив.

Како крстаџии во автобусот број 15 во близина на Соборната црква.

Како сардини кои слободно пливаат пред китот на историјата без да знаат дека тој ги брка кон површината на океанот.

Кон масата на која руча.

Да ја легнат на психотерапевтскиот кауч Македонија и Фројд и Лакан би заклучиле дека самонегацијата на Македонците е потсвесно признание дека класичните негатори биле во право. Страшна дијагноза. Молам. Или дека самонегацијата е обид да си направат негаторска дистанца од негаторите: Негаторството е нивна внатрешна работа, според тоа, тие кажуваат дека нема да дозволат да ги негираат не затоа што негаторите имаат или немаат аргументи за негацијата, туку затоа што нивната негација е мешање во македонските работи. Во внатрешните работи на Македонија. Хм, интересно. А, можеби, Македонците се самонегираат како одбранбен акт во рамките на своето суеверие. Дека на тој начин, како би рекол, шамански ги бркаат своите негатори. Трето, најзаебана е варијантата кога Македонците се негираат така што премногу се сакаат, а премалку ја разбираат врската меѓу својата љубов и негацијата. Така можат да умрат на гумно играјќи и пеејќи песни со кои го потврдуваат својот идентитет, својата посебност и својата веселост. Додека возот на времето од кое се плашат им поминува пред носот. Не ја исклучувам и варијантата во која самонегацијата е реакција на субјект кој не може да се поднесе самиот себе. На субјект кој си станал претежок на самиот себе. Мислам дека е претешко и не е сосема соодветно на Македонците да се мисли кога се вели: животот е кома по која следи смрт.

Тие го глумат животот.

И ја глумат смртта.

Сосе маките со кои се родиле.

И ќе си умрат.

Очите им се паралдисани.

Навистина.

Не знам за вас, драги пријатели, но јас, да речеме, ја забележувам цврстата врска меѓу изборот на историската легитимација во која нè нема како национален субјект, односно во безумната втемеленост во ништото, во големата празна дупка, демек во Гоце, Даме, Јане и во целата таа галерија која ако стане од гробовите, како што ние ја повикуваме во химната, веќе утре ќе го демонтира оваа чудовиште што се вика држава на македонската нација, појавата на вмро-дпмне односно вморонската одбрана на националните интереси како најотворен напад и разбудената самонегаторска страст. Меѓу Партијата за македонско национално единство и националната раскурцаност. Сосе крстоносците. Можеби ќе сме се раскурцале и без нив, но погледнете го вие овој резултат. Тој не е таков случајно, не, тој е таков затоа што Демократската партија за национално единство се обидува да ја врати македонската материја во преддржавниот и преднационалниот статус. Тоа мораме да го освестиме. Всушност, затоа е внатрешна и револуционерна. Таа е вмро. Имаат Патриотски институт.  Кој ќе ви помогне да останете без Патрија. Тоа е неговата функција. Хахаха. Вие сте материјална сила на нивната мисија. Вие ги бркате предавниците што тие ви ги нацртаа. Сте се прашале ли зошто политичките наследници на основачите на македонската држава и нација се прогласени за предавници? И зошто воопшто тие би го предавале своето дело? Зошто комуњарите би се претвориле во вморони? Вие што верувате во нивната теза дека разумот е хендикеп. Размислете малку, можеби и вие ќе дојдете до истиот заклучок.

Опстанокот на Македонија, драги мои, не е предмет на подвиг, туку на свест, нормалност и култура. Со тоа што нормалноста, критичното ниво на активната нормалност, свест и здрав разум, се предмет на најголемиот подвиг што стои пред Македонците.

Дали да поверуваме во силата на мислата и со неа да удриме по говњарите од вмро и нивниот свет. Или, без многу доверба во здравиот разум, да ѝ се допушти на Македонија сама да се создава или разградува.

Јас сум за првата опција.

Македонија, овој пат како нација и држава, го роди вмро. Волкот беше доведен од шумата и сега е во прашање тој да не нè изеде. Така би рекол Гомбрович, а јас би додал дека сега не е прашање како волкот на вмро да не нè изеде нас, туку како ние да го изедеме него.

Живо.

Или така што прво ќе го убиеме.

Па ќе го свариме.

Босо, какво што цело време и беше.

Ова чудовиште од смртоносната кауза.

Сеедно.

FRONTLINE 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ