• Latest

Предлогот Илинденска Македонија – неприфатлив за Грција

May 20, 2018

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Предлогот Илинденска Македонија – неприфатлив за Грција

May 20, 2018 08:22
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Република Илинденска Македонија е опцијата која била издвоена како најприфатлива на преговорите меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, што се водеа на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, а која вчера Заев и јавно ја изнесе по завршувањето на лидерската средба во Клубот на пратениците.

Двајцата премиери по преговорите во Софија, вчера го информираа државниот и политичкиот врв за новиот предлог.

заев и Ципрас во Софија

Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров околу три часа разговараше со претседателот Ѓорѓе Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Ципрас, пак, имаше средба со претседателот Прокопис Павлопулос, а за новиот предлог лидерите на опозициските партии ги информираше телефонски.

Но кусо откако Заев го изнесе јавно предлогот, кабинетот на Ципрас објави соопштение во кое на индиректен начин, преку ставот дека согласно со предлозите на Нимиц треба да се најде име што ќе има географска или временска одредница, го отфрли прифатениот предлог од македонска страна.

Заев по завршувањето на средбата ја информираше јавноста за предлогот за името, нагласувајќи оти тоа би било за севкупна употреба, а за внатрешна употреба измената би се спроведувала во фази. Планиран е и референдум, а Заев напомена дека со ова име Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ и покана за членство во НАТО.

Тој нагласи дека со можниот договор ќе добиеме финална потврда за македонскиот јазик, гаранција за идентитетот и за меѓународните кодови мк и мкд.

– Информирав за последната фаза од преговорите за спорот за името. Со целосна одговорност, внимателност и посветеност на државните интереси ги информирав претседателот на државата, на Собранието, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ дека владите на Македонија и Грција разогвараа за опција и решение, кое може да биде прифатливо и за двете страни. Република Илинденска Македонија е можен компромис, на англиски Republic of Ilinden Macedonia, на албански  Republika Ilindenase e Maqedonisë, изјави по лидерската средба, која траеше нешто повеќе од три часа.

Заев лидерка Илинден

Истакна дека Република Илинденска Македонија е име со кое го зјакануваме темелот на нашата Република, а Илинден значи историски континуитет на нашите стремежи, нашата државност и нашата гордост.

Си спомена трите илиндени и рече дека ова решение ќе претставува четвртиот Илинден за Македонија.

Заев, испрати и порака до граѓаните на Грција, дека со ова име правиме целосно разграничување со регионот Македонија во Грција.

Спроведувањето, посочи тој, на употребата на новото име за внатрешна употреба би се реализирано во фази, етапно онака како што ќе напредуваме низ преговорите за членство во ЕУ, а ќе се обезбеди преку референдум и преку уставни амандмани.

За предлогот по средбата се произнесоа претседателот Ѓорге Иванов и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, додека лидерот на ДУИ Ахмети не даде изјава за медиумите.

Шефот на државата побара на писмено да го добие она што досега е разговарано во преговорите со Грција, а потоа ќе се изнесе во однос на предлогот.

Не сакаше да изнесе ниту личен став како граѓанин на Македонија, а не како институција Претседател во однос на тоа дали предлогот е достоинствен и повтори ќе го бара предлогот на писмено.

Иванов

Претседателот Иванов рече дека останува доследно да се придржува на изградените ставови од претходните претседатели на Република Македонија, а тоа е дека процесот мора да се води во рамка утврдена од ОН.

– Кој било предмет треба да биде разгледан и од експерти од меѓународното право и меѓународни односи, затоа што во минатото видовме недоследност од грчка страна, рече Иванов.

– ВМРО-ДПМНЕ останува на својата позиција од претходно, а тоа е дека нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име, рече Мицкоски и додаде дека предлогот, што ги изнесе премиерот превидува ревизија на Уставот.

Христијан Мицкоски

Додаде дека на лидерската средба прв пат бил запознат со предлогот и оти сега тој ќе биде претставен и презентиран пред органите на партијата.

Ципрас во соседната земја за предлогот разговараше со шефот на државата Павлопулос, при што ги повтори грчките позиции – уставни промени како за ерга омнес, така и за елиминација на иредентизмот, со цел да се постигне решение што ќе издржи низ времето.

ципрас - павлопулос

Грчкиот премиер напоменал дека двете страни се наоѓаат „во критична фаза на преговорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение за името“.

Павлопулос нагласи дека е потребен широк консензус. Говореше кусо, без да ги спомене неговите позиции.

Името „Илинденска Македонија“ не го елиминира иредентизам е ставот на дел од грчките опозициски партии меѓу кои Нова демократија, Движење за промена (во чии рамки е ПАСОК) и Комунистичката партија на Грција, додека пак Златна зора и Сојуз на централисти се не само против конкретното име, туку против било кој предлог што ќе го содржи терминот Македонија.

Ципрас

По средбата со Павлопулос, грчкиот премиер имаше телефонски разговори со претседателите на четири од шесте опозициски политички партии во грчкиот Парламент, со лидерката на Движење за промена, Фофи Генимата, лидерот на Река, Ставрос Теодоракис, генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција Димитрис Куцубас и со претседателот на Сојузот на централисти Василис Левендис. Златна зора и овој пат беше исклучена од брифингот, додека пак со претседателот на Нова демократија, Кријакос Мицотакис разговараше завчера.

Според лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис предложеното име го зајакнува иредентизмот.

мицотакис

– Ова име историски и директно се поврзува со стремежот за создавање „македонска“ нација и држава што го вклучува Солун и се протега до Егејското море. Било какво споменување на Илинден во името на соседната земја, не само што не се става крај на иредентизмот на Скопје, туку напротив го потврдува и го зајакнува. Затоа е неприфатливо дури и да се поставува како тема за дискусија, пишува во соопштението од грчката опозициска партија.

Лидерката на Движењето за промена, Генимата смета дека предлогот е олицетворение на иредентизам.

Таа во телефонскиот разговор, му го изразила на Ципрас, несогласувањето за одредницата „Илинденска“ бидејќи смета дека го потврдува иредентизмот и ги повторила позициите на партијата за комплетен договор што ќе содржи сложено име со географска одредница, за севкупна употреба, уставна ревизија и отстранување на иредентистичките наводи.

Лидерот на Река, Теодоракис изрази резервираност и му посочил на Ципрас дека неговата позиција ќе зависи од тоа каков ќе биде конечниот предлог.

За лидерот на комунистите, Куцубас името мора да содржи строго географска одредница, нешто што, му порачал на Ципрас, „не е гарантирано со новото име Република Илинденска Македонија“.

Лидерот на Сојузот на централистите, Левендис во разговорот со Ципрас го повторил ставот на оваа мала партија – дека е против какво било сложено име со вклучен терминот Македонија.

Поради судскиот процесот што се води против Златна зора и обвиненијата дека станува збор за криминална организација, партијата и овој пат беше исклучена од брифингот на грчкиот премиер.

Лидерот на Златна зора, говорејќи во грчкиот парламент, вчера рече дека последниот предлог за „Илинденска Македонија“ е „национално неприфатлив и содржи иредентизам“, а паралелно ја повика грчката влада да распише референдум за прашањето за името. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГрцијаИлинденска МакедонијаМакедонијаПреговорипредлог
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ