• Latest
Протест, 23 октомври 2013, за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски.

Предатори

June 6, 2020
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Предатори

ЦИВИЛ МЕДИА повремено објавува значајни прилози од својата архива со цел да ги одржи сеќавањата на важните настани и нивните авторки и автори. На денешен ден, објавен е текстот „Предатори“ од големиот македонски новинар Ристо Поповски. 

June 6, 2020 15:05
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Протест, 23 октомври 2013, за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски.

Протест, 23 октомври 2013, за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски.

Share on FacebookShare on Twitter

АРХИВА НА ЦИВИЛ, 6 јуни 2013 година

пишува: РИСТО ПОПОВСКИ

Подготвеноста на претставниците на правосудните органи да се сретнат со делегацијата на новинари, кои бараа ослободување од притвор на колегата Томислав Кежаровски, беше, како и што се очекуваше, само формален гест на добра волја. Новинарот остана во притвор со истото, и веќе излитено од употреба, објаснување дека може да влијае врз сведоци или да избега од државата.

Ристо Поповски (1945-2018)

Залуден оптимизам беше да се очекува дека правосудните органи ќе ја сменат одлуката само затоа што тоа го бараат новинари, кои неколку дена порано организираа и протест пред судот. Штом веќе се решиле на спектакуларен начин, со учество на припадници на специјалната полиција, да апсат новинар поради објавен текст, средбата со делегација на новинари беше само празна „великодушна“ отстапка.

Причините поради кои е упасен новинарот остануваат нејасни, особено поради фактот што „инкриминираното“ дело е сторено пред цели пет години, во весник кој повеќе не постои. Клучното прашање е зошто органите на прогонот не реагирале веднаш? Нејасно е зошто случајот се отвора денес, а дополнителни дилеми предизвикува и фактот што новинарот кој е притворен пронајде и објави материјални докази поврзани со сообраќајната несреќа во која загина новинарот Никола Младенов.

Апсењето и прогонувањето на новинари се екстремни мерки кои прилегаат на тоталитарни и диктаторски режими. Во сиот нормален свет затворањето на новинари поради објавен текст е преседан кој е далеку од основните норми на демократско и граѓанско општество. Апсењето на новинар не прилега на држава која, барем формално, се определила да биде членка на ЕУ и НАТО.

Спектакуларното апсење и одредување на притвор за новинарот упатуваат повеќе од јасни пораки за новинарството и медиумите во Македонија. Една од пораките е дека, по терк кој потсетува на времињата на едноумието, внимателно се следат работата на медиумите и пишувањето на новинарите. Нивното дело не застарува, можат да бидат обвинети, по потреба, дури и после пет или повеќе години.

Имајќи предвид што сè се случуваше со новинарството и медиумите во Македонија последниве неколку години, апсењето на новинарот и не е големо изненадување. Постојано и систематски се стеснува просторот за слобода на професионалното новинарство. Гаснеа или се затвораа весници и телевизиски станици. Нивните сопственици се или во затвор или гинат во сообраќајни несреќи под неразјаснети околности. Новинарите како партали ги исфрлаа од парламентот…

Апсењето на новинарот Томислав Кежаровски, освен реакции на новинарите во Македонија, предизвика сериозна загриженост, па и вџашеност, на меѓународни новинарски и организации за човекови права. Реагираше и ОБСЕ. Сé беше залудно и напразно. Новинарот останува во притвор, без оглед што со тоа сериозно се урива меѓународниот имиџ на државата, поточно на власта.

Македонија со ваков однос ќе продолжи да тоне на ранг листата на слободата на медиумите во светот. Сега е на 116 место, а само за три години падна за 82 места на листата на организацијата Репортери без граници.

Оваа организација има и посебна листа на 39 лидери на држави или организации кои се обележани како предатори (крволочни непријатели) на слободата на информирањето. После апсењето на новинарот Томислав Кежаровски лесно може да се случи оваа листа да се прошири.


Ристо Поповски (1945-2018) е еден од најпознатите новинарски имиња во Македонија и на Балканот, своевремено основач на првата приватна новинска агенција на Балканот Макфакс и еден од иницијаторите за формирање на медиумската платформа на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Голем поборник на слободата на изразувањето и медиумските слободи, демократијата и човековите права. 

Сите права се задржани.  ЛИНК; Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ