• Latest

Предизборна размена во Будимпешта

March 9, 2020
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Предизборна размена во Будимпешта

Дали средбата со Виктор Орбан е параван за друга средба, со Никола Груевски, или Мицкоски мисли дека освен на средбата, јавноста мисли дека бил на шопинг?

March 9, 2020 17:05
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски денеска во Будимпешта остварија средба со премиерот на Република Унгарија и претседател на сестринската владејачка партија „Фидеш“ Виктор Орбан.

На средбата со Орбан се разговарало за актуелната политичка состојба, европските перспективи на државата и начините за понатамошна соработка.

-“Граѓаните и државата не смеат да бидат заложници на погрешните и погубни политики на Зоран Заев и неговата влада, нема повеќе време за губење и е потребно да се даде датум за преговори, при што ВМРО-ДПМНЕ гарантира сериозен план по изборите за имплементација на мерки и реформи кои државата ќе ја стават на брза трака на патот кон Европската Унија, а воедно ќе се надополни изгубеното време”, се пожалил Мицкоски.

Не е познато дали Мицкоски се сретнал со „бившиот“ лидер на партијата, Никола Груевски.

Во меѓувреме, од ВМРО -ДПМНЕ не престануваат со обвинувања кон СДСМ за состојбата со корона вирусот во земјава, а посебно со последниот случај со директорката на клиниката за кожни болести за којашто велат дека присуствувала на партиски состаноци на СДСМ.

Од СДСМ им  порачуваат на граѓаните да не се осврнуваат на дезинформации и лажни вести пласирани од ВМРО-ДПМНЕ, и за состојбата околу корона-вирусот да се информираат преку министерството за здравство.

*

Движењето Беса синоќа ги определи кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори. Одлуките се донесени на состанок на Централното собрание во Тетово.

Во Изборна единица 1 кандидати се Кастриот Реџепи и Јонуз Фејзулах. Во двојката Бастри Бајрами и Шенаси Џеладини. Мелинда Рашиди е единствен кандидат за пратеник во ИЕ 5.

Демократската Партија на Турците (ТДП) денеска на седниците на Централниот Управен Одбор и на Централното Собрание на партијата, во врска со Предвремените Парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април 2020 година, донесе одлука за предизборна коалиција со СДСМ и ги избра кандидатите за пратеници во шестата и четвртата изборна единица.

Социјалдемократскиот сојуз вечерва во 18 часот во скопскиот хотел „Александар Палас“ ќе го одржи 24. Конгрес на кој се очекува да бидат објавени сите носители на листи и кандидати за претстојните парламентарни избори.

Согласно агендата, конгресот ќе има отворен и работен дел, а на почетокот на отворениот дел ќе се обраит лидерот на партијата Зоран Заев.

Од СДСМ информираат дека преносот во живо од обраќањето на Заев може да се следи и на неговата официјална фејбук страна и на Јутуб каналот на СДСМ.

Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ