• Latest

Предизборни подготовки и упатства до граѓаните

February 26, 2020

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Предизборни подготовки и упатства до граѓаните

Граѓаните на Република Северна Македонија се наоѓаат пред уште еден изборен процес. Од денеска ќе имаат увид во Избирачкиот список, а одговорните институции апелираат граѓаните да си ги проверат своите податоци, и да пријавуваат евентуални нерегуларности.

February 26, 2020 17:34
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да направат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата на Државната изборна комисија www.sec.mk и во нивните подрачни канцеларии. Исто така денеска почнува и рокот за собирање потписи на група граѓани во подрачните канцеларии на Комисијата и од оваа година пред овластен нотар.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски вчера апелираше до сите оние што сакаат да гласаат на изборите да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список, но исто така предупреди дека доколку немаат важечки лични документи граѓаните нема да може да гласаат.

Во однос на изборните злоупотреби, Деркоски за ЦИВИЛ Медиа изјави:

„Единствено останува на оние кои мислат дека е прекршен законот да поднесат преставки до Антикорупциска комисија, па тие да реагираат. Во иднина ќе треба овој меѓупериоден дел да се регулира строго законски за да ги ставиме во ред овие појави да не се повторуваат или злопупотребуваат. Нема друг начин. Од започнување на кампањата ДИК може да реагира, да носи одлуки, меѓутоа во овој момент сите умно и паметно се трудат да ги заобиколат законските одредби за да не може ниеден државен орган да реагира на начин како што би требало. За да се избегнат тие ситуации ќе мора и за овој период да се допрецизира во законот, да се стават забрани, точно дефинирани во дефинициите во Иборниот законик – што смее, што не смее и кои се последиците доколку се направи од денот на распишување на изборите,  а не од денот на започнување на кампањата“.

Дополнителната заменик министерка во Министерството за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски денеска ја најави кампањата „За фер избори пријави притисок“ со која ги охрабрува вработените во јавниот сектор да пријават секаков вид на заплашување, притисок и поткуп на глас за време на изборите што ќе се одржат на 12 април.

Таа истакна дека вработените во јавниот сектор се слободни граѓани, и како такви треба да го остварат и своето право на глас, и додаде дека ги охрабрува и сите оние кои на било каков начин до сега биле заплашувани, им се вршело каков било притисок од било кој апсект а се вработени во јавната администртација да ги поддржат и посетат на настаните.

ЦИВИЛ го мониторира изборниот процес и апелира до граѓаните да пријавуваат нерегуларности на civil@civil.mk и тел. 02/52 09 176.

Дијана Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ