Oд ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ и Зоран Заев подготвуваат изборен фалсификат на претседателските избори и затоа бегаат од техничка Влада и предвремени парламентарни избори.
„СДСМ и Заев се свесни дека немаат поддршка од македонскиот народ и затоа како и за референдумот спремни се на се, освен на фер и демократски изборен процес. Тие знаат дека македонскиот народ е гневен за сите понижувања, црнила и порази кои му ги приредија. Токму затоа немаат храброст да се соочат со граѓаните на предвремени парламентарни избори, свесни се за казната која ќе им следува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ потенцираат дека антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во паника од успехот на Македонија и членството во НАТО.
„Македонија седнува на своето столче во НАТО, Мицкоски стравува за своето опозициско столче во ВМРО ДПМНЕ. Затоа ВМРО ДПМНЕ бара алиби за извесниот изборен пораз во нереални и измислени причини.
Измамите, изборните манипулации, злоупотребата на институциите пред избори се симбол на криминалното вледеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го потврдуваат и бројните судски предмери за изборни нерегуларности што се водат против нив пред наделжните судови. Наместо очајнички да бара алиби преку измислици, Мицкоски и антизападното раководството на ВМРО ДПМНЕ во белиот дворец нека се подготват за пораз на какви било избори кои ќе бидат фер, слободни и демократски“, се додава во соопштението на СДСМ.
Д.М.