• Latest

Предизвиците по Извештајот на ЕК: Време е за брз и суштински „ремонт“

November 29, 2023
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Предизвиците по Извештајот на ЕК: Време е за брз и суштински „ремонт“

November 29, 2023 10:38
in СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

МАРТИН ТАСЕВСКИ

Јавноста имаше можност да го види последниот извештај на Европската комисија за земјава, во кој, накусо кажано, Европската комисија дава оценка дека Македонија стои лошо во поглед на судството и борбата против криминалот и корупцијата. Намалувањето на казните за одредени кривични дела и можноста со овие измени да застаруваат многу предмети од поранешното Специјално јавно обвинителство, се оценки од Извештајот што упатуваат на тоа дека во овие области ни е нужно потребен брз „ремонт“.

Освен тоа, се забележуваат сè поголем број напади, закани и одредено заплашување на новинари, нотира ЕК, а иако Кривичниот законик и Законот за граѓанска одговорност во однос на клеветата значително го зголемиja степенот на правна заштита на новинарите, сепак, од Комисијата забележуваат дека е потребна поголема транспарентност во медиумското рекламирање од страна на државните институции и политичките партии, а потребна е и реформа на јавниот радиодифузен сервис – заради јакнење на неговата независност, професионални стандарди и финансиска одржливост.

За поздравување е тоа што е назначен јавен обвинител кој ќе има овластување да ги следи постапките каде новинарите се јавуваат како оштетени додека ја извршувале нивната работа. И МВР назначи контакт-лице, со што им се олесни на новинарите да известуваат за инциденти што вклучуваат булинг преку компјутер или други онлајн закани по нивната безбедност. Навистина, ова претставува позитивен развој, а се надеваме дека овој тренд ќе се надоградува, па ќе можеме да видиме и назначен Јавен обвинител кој ќе се бори против говорот на омраза врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет.

Освен тоа, ЕК укажува дека онлајн медиумите не се регулирани со конкретен Закон и додава дека е потребна посилна саморегулација кај онлајн медиумите. Одредени онлајн медиуми се под влијание на политички партии, и постојано гледаме растечки закани врз одредени групи, како што се маргинализираните припадници на ЛГБТИ заедницата, а разбивањето на овие закани е можно само со кампањи на социјалните медиуми, дигитална писменост, и како што нагласува ЕК, онлајн медиумите да се регулирани со конкретен закон.

Ваков закон не само што ќе го зголеми интегритетот и професионализмот на онлајн медиумите, туку и ќе се детектираат повеќе вистински информации наспроти погрешни информации, намерно измамничките вести, измислените информации, дезинформациите, пристрасните информации итн.

Една од причините и опасностите, кои ние од КВИР ЦЕНТАР Скопје ги повторуваме со години, е дека групната поларизација е најевидентна во активностите на сајбер – толпите. Членовите на ваквите толпи се сурови во таргетирање и уништување на жртвите во онлајн просторот.

Леснотијата за користење но и за создавање содржини што ја нуди Интернетот честопати резултира со лекомисленост во користењето, а можноста да се манипулира со информациите и содржините го зголемува страдањето кај жртвите, кои се честопати припадници на ЛГБТИ заедницата, и кои се цел на постојани напади со говор на омраза, а понатаму, стануваат и жртви на криминал од омраза. Но, доколку ова биде препознаено во соодветен закон, ќе се зголемат шансите за навремено идентификување на говорот на омраза, а со легитимниот закон ќе се зацврсти и медиумската писменост, а и проверката на фактите (факт чекинг) во онлајн просторот.

Туку, настрана Европската комисија. Јавното обвинителство на Северна Македонија, за жал, сè уште не отвара случај за говор на омраза врз ЛГБТИ заедницата. Иако како КВИР ЦЕНТАР Скопје до органите на прогонот сме реагирале со огромен број на кривични пријави што се однесуваат на Членот 394-г од Кривичниот законик.

Да потсетиме, Членот 394-г, „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ вели:

„(1) Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години.

(2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни и тој што делото ќе го стори преку други средства за јавно информирање.

(3) Тој што делото од ставовите (1) и (2) на овој член го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.“

За жал, Јавното обвинителство, преку непостапувањето, покажува дека не го разбира доволно онлајн просторот и дека на ова поле треба уште многу да работат. Всушност, за резултати во борбата против говорот на омраза, како што гледаме, не се доволни само здравите национални легислативи што ги имаме и кои нудат (на хартија барем) заштита од дигиталниот криминалитет од омраза. За да има резултати, потребно е и спроведување на законите од страна на надлежните институции.

Мој личен став е дека извештајот на ЕК неспорно ќе има негативно влијание во земјава. Наодите покажуваат дека нашите евроинтеграции се загрозени од застојот во неколку клучни области, а препораките на ЕК треба да ги освестат институциите и политичките партии – дека нам всушност ни треба брз и суштински „ремонт“, т.е. преземање на конкретни чекори за спроведување на препораките од извештајот на ЕК, за Македонија да стане подобра држава за живеење и да зачекори побрзо кон ЕУ.

Како најсоодветна, правична и мошне илустративна оценка за ова, се можеби зборовите на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, кој упати остри критики за отсуството на желба во земјава вистински да се спроведат реформи со цел владеење на правото и правната држава. „Само трупате изговори за исполнување на барањата за членство во ЕУ, ги сакате нашите пари, но не и нашите вредности“, рече холандскиот амбасадор.

Време е овие пријателски критики да се разберат сериозно. Особено од страна на правосудните органи. Во сите аспекти на нивното работење, вклучувајќи ја тука и заштитата на ЛГБТИ заедницата од говорот на омраза и повиците за насилство кон неа, кои засега поминуваат неказнето.

(авторот е правник во Скопскиот Квир Центар)

извор: има.мк


Текстот е личен став на авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ