• Latest

Предлог-законот за 500 милиони евра заем во собраниска процедура: Кредитот од Унгарија ќе се отплаќа до 2039

September 10, 2024
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Предлог-законот за 500 милиони евра заем во собраниска процедура: Кредитот од Унгарија ќе се отплаќа до 2039

September 10, 2024 21:38
in Uncategorized, ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог законот со кој Северна Македонија ќе се задолжи 500 милиони евра кај Унгарската експорт – импорт банка влезе во собраниска процедура и тој, како што образлжува Владата, ќе биде во скратена постапка. Каматната стапка на кредитот е 3,25 отсто, а рокот на отплата е 15 години со вклучени три години грејс период, стои во предлог законот што е доставен до пратениците во Собранието.

Инаку, кредитот би требало да се повлече наеднаш, но во договорот што е составен дел на предлог законот за задолжување стои дека на неповлечените средства ќе се пресметува камата, како и дека на товар на заемопримачот, односно на Македонија паѓаат и трошоците за провизија „за извршени правни услуги“, на фирма што ќе ја одреди Унгарската експорт импорт банка, без притоа да се прецизира за колкав износ станува збор.

„Под ПРОВИЗИЈА ЗА ИЗВРШЕНИ ПРАВНИ УСЛУГИ се подразбира провизијата на независната правна фирма во соработка со локални адвокатски канцеларии избрани од страна на Банката, онаму каде што е применливо, кои ги издаваат правните мислења во врска со својството на ЗАЕМОПРИМАЧОТ и важењето и спроведливоста на овој ДОГОВОР. Провизијата ја плаќа ЗАЕМОПРИМАЧОТ“, стои во предлог законот и во договорот за заем.

Инаку, во одредбите кои што го определуваат крајниот рок на отплата на средствата се наведува дека тоа е 15-годишнината од датумот на расположливост на средствата и 2039 година.

Под „Прв датум на плаќање камата“ се подразбира 2024 година, а по првиот датум на плаќање камата, таа ќе се плаќа секоја година на 15 февруари и 15 август.

Еве уште некои од клучните одредби во Предлог-законот за задолжување и во Договорот за заем кој е составен дел на Предлог-законот:

Вкупниот износ на заемот кој ќе го додели Унгарската експорт – импорт банка изнесува 500
милиони евра. Заемот ќе биде доделен на Република Северна Македонија под следните услови:

– Заемот ќе се повлече во една транша
– Рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години;
– Каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25%
– Република Северна Македонија ќе ѝ плаќа на Унгарската експорт – импорт банка
приватно друштво со ограничена одговорност провизија за неповлечени средства
во висина од 0,5% од заемот на годишно ниво. Провизијата за неповлечени
средства ќе се пресметува на дневна основа на неповлечениот дел од заемот,
пресметано од датумот на достапност на средствата и ќе се плати првиот работен
ден по завршување на периодот на достапност
– Заемот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја
година

Дополнително, Република Северна Македонија ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност. Провизијата за извршени правни услуги ќе се плати пред повлекување на траншата.

Како што се наведува во придружното писмо, со кое премиерот Христијан Мицкоски го испраќа предлог-законот до Собранието, Владата го утврдила текстот на предлог-законот на седницата одржана на 3 септември, како и дека Владата предлага Предлог законот за задолжување да се носи по скратена постапка.

Задолжувањето од „пријателска земја, членка на ЕУ“ беше една од првите работи која што ја најави тогаш уште мандаторт Мицкоски, со тоа што првично кредитот требаше да изнесува една милијарда евра. Претходно, од Владата беше посочено дека половина од средствата, односно 250 милиони евра, ќе бидат наменети за финансирање проекти за општините, а другите 250 милиони евра за поволни кредити за компаниите.

извор: Независен.мк

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ