• Latest

Предложено укинување на КОВИД-сертификатите при влез во земјава, сè уште е рано за целосно олабавување на рестриктивните мерки,

April 14, 2022

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Предложено укинување на КОВИД-сертификатите при влез во земјава, сè уште е рано за целосно олабавување на рестриктивните мерки,

April 14, 2022 08:41
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјата, препорача вчера Комисијата за заразни болести. Засега останува сертификатот да важи за влез во затворен дел на угостителските објекти бидејќи Комисјата смета дека е потребно постепено олабавување на рестрикциите, пренесува МИА.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ вчера на прес-конференција рече дека постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките.

Најновата препорака од Комисијата ќе стапи на сила откако ќе биде усвоена од страна на Владата.

Министерот за здравство, Беким Сали го дели истиот став со Комисијата и смета дека сè уште не може да се каже дека е крај на корона-пандемијата и оти не може временски да се прецизира кога ќе се тргнат сите ковид-рестрикции.

– Временски не можеме да прецизираме, но работиме, секојдневно ги добиваме информациите и ја третираме таа тема. Постојано нешто олабавуваме, со тоа што во меѓувреме анализираме дали сме постапиле правилно, рече Сали.

На владината седница во вторникот беше усвоена мерката за укинување на маските во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, аптеките, јавниот превоз, домовите за стари лица и установите за згрижување лица со попреченост.

Во соседна Грција од 1 мај се укинуваат правилата за влез во сите простории во внатрешноста на државата, односно поседување сертификат за вакцинација или прележан Ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните. Грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис соопшти дека од 1 јуни ќе се укине и задолжителната маска, но и задолжителниот селф-тест за учениците.

Грчките власти најавија дека дополнително ќе бидат разгледани актуелните правила за влез во државата, а сите мерки одново ќе бидат разгледани на 1 септември.

Комитетот на Светската здравствена организација за вонредни прашања, пак, вчера едногласно оцени дека не е време да се „олабави одбраната“ во однос на пандемијата на Ковид-19.

-Ова не е време за намалување на одбраната од вирусот, не треба да се откажеме од надзорот, тестовите и пријавувањето, не треба да ги ублажуваме социјалните и здравствените мерки и не треба да се откажеме од вакцинацијата, рече претседателот на Комитетот за вонредни состојби на СЗО Дидие Усин.

Претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека добрата вест е што во светот
минатата недела е регистриран најмал број на смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Сепак, тој нагласи дека некои земји сè уште минуваат низ врвовите на инфекцијата што врши притисок врз нивниот болнички систем.

Согласно, вчерашната ковид-статистика, во земјава направени се 2.216 тестови, а регистрирани се 185 нови случаи на КОВИД-19 од кои 28 се реинфекции. Најголем број, односно 114 од новорегистрираните случаи се во Скопје. Во извештајот на Институтот за јавно здравје вчера нема регистрирано починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.988.999 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 308.152, бројот на оздравени пациенти е 297.724, на починати е 9.256, а бројот на активни случаи изнесува 1.172.

Согласно податоците од ИЈЗ, најголем број активни случаи има во Скопје – 628, додека Берово, Дојран, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пробиштип во моментов немаат активнÐ ¸ случаи на коронавирусот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ