Обвинитилот Љубомир Лапе денеска презентираше детали за случајот при што рече дека „Скопје 2014“ е сложен предмет, а оваа истрага се однесува само на 11 споменици меѓу кои фонтаната со „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“. Меѓу состанотите споменици се и Цар Самуил, „Никола Карев“, споменикот АСНОМ, Лавовите на мостот Гоце Делчев и други.
Кривичните дела на кои се однесува оваа истрага се злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.
Во врска со кривичното дело перење пари обвинителот Лапе даде пример со еден споменик кој тендерски во земјава е платен 4,7 милиони евра, а во Италија каде што бил изработуван на подизведувач е платен за 2,3 милиони евра.
Обвинителот Лапе рече дека станува збор за сложена истрага во која била барана меѓународна правна помош од пет држави и дека истрагата сè уште не е затворена.
Таа била отворена кога ОЈО ГОКК добило информации дека еден од осомничените сакал да ја напушти државата. За дел од лицата се бараат мерки на претпализвост и замрзнување на имот.
Извор: 360 Степени