• Latest

Предвремени парламентарни избори: Апетити за власт и неодговорно однесување кон клучните процеси во државата

November 28, 2022

24 ЧАСА: Пред избори споменици никнуваат како печурки по дожд; Ако сакаме држава на владеење на правото, мора да тргнеме од вистината, повикува Камбери; Додик без мандат; Виткоф слета во Москва

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Заедничка изјава на Меѓународната коалиција за враќање на украински деца: Ја повторуваме непоколебливата посветеност на заштитата на децата погодени од незаконската, неиспровоцирана и неоправдана целосна руска воена инвазија на Украина

August 6, 2025

Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

August 6, 2025
Фото: Скриншот МИА

Тешко болните деца ќе може да учат дома или онлајн

August 6, 2025

Пред избори, споменици никнуваат како печурки по дожд: Во Слупчане поставена спомен-плоча на загинати борци на УЧК

August 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи го повлече барањето за собранието до уставниот суд, за аналитичарите повлекувањето создава институционална несигурност; Новиот Кривичен законик во Албанија ги ублажува казните за корупција за високи функционери

August 6, 2025

МВР во координација со Обвинителство за утврдување говор на омраза кај навивачите на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах

August 6, 2025
Фото: Фејсбук ФК Шкендија

„Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Украински сили за специјални операции објавено на УкринформТВ

Зеленски и Сирски, една година од упадот кај Курск: Украинските сили го одржуваат присуството во рускиот Курски регион 

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Предвремени парламентарни избори: Апетити за власт и неодговорно однесување кон клучните процеси во државата

Преку блокадата на Собранието, со цел да предизвика предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ започна уште во мај годинава, кога Христијан Мицкоски најави дека опозициска блокада во Собранието е „стратегија што ќе трае“ и нема да биде само „инстант акција“, а причината на блокадата се „сите штетни законски решенија и прописи што доаѓаат од Владата“. Што се крие зад овие барања?

November 28, 2022 12:14
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

ДИК нема буџет за  предвремени избори. Во новиот Предлог-буџет за 2023 година, за Државната изборна комисија се одвоени 82.641.000 денари. Во планираните активности за ДИК се наведени континуиран развој и унапредување на обуката за едукација во врска со изборниот процес, ажурирање на избирачкиот список, едукација на млади гласачи кои ќе гласаат првпат, активна меѓународна соработка, учество во набљудувачки мисии, обезбедување на услови за работа во ДИК, одбележување на светскиот ден на избори. Како „аутпут индикатори“ се наведени 15 денови на одржани обуки.

Значи, дефинитивно, ДИК нема буџет за  предвремени избори.

Во 2020 година дополнително се одвоија околу 4 милиони евра од буџетот за платено политичко рекламирање. Доколку се оствари сонот на ВМРО-ДПМНЕ, се отвора и прашањето, колку, во оваа енергетско-економска криза, ќе ја чинат државата предвремени парламентарни избори?

Во Собранието се расправаше за Предлог буџетот за 2023 година за кој се поднесени 250 амандмани од кои 200 само на ВМРО-ДПМНЕ. Со ова и самата постапка ќе се развлече, а самите амандмани можат дополнително да го закочат целиот процес, со оглед дека се очекува до средината на декември тој да биде изгласан.

Ова личи на уште една блокада на ВМРО-ДПМНЕ за Закон кој е круцијален за функционирање на државата особено во вакви услови на енергетско-економската криза.

За блокадите

Да потсетиме дека „активната блокада“ на ВМРО-ДПМНЕ придонесе до блокирање на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, застојот во реализацијата на ИПА проектите што ги доведуваат во ризик проектите од исклучителна важност за животната средина вредни 270 милиони евра од ЕУ фондовите, процесот „Жан Моне“, повторно се стопираше заради неучество на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а ги блокираа и измените за законите за анти-кризни мерки на Владата на загрозени делови од населението во услови на криза.

И не кријат дека блокираат.

Напротив, имаат листа на замерки за секоја своја блокада, но не и конкретни решенија како да ја подобрат состојбата. Или ако предлагаат анти-кризни мерки, немаат конкретни предлози како тие да се реализираат.

Истовремено, не запираат барањата за предвремени парламентарни избори, чиј редовен термин е 2024 година. Значи, за нешто повеќе од една година. Имајќи предвид дека изборите во 2020 година, исто така, беа предвремени и во услови на криза, тогаш со Ковид-19, пак се враќаме на почетното прашање:

Колку ВМРО-ДПМНЕ мисли да ја оштети државата, која и овој пат е во кризна состојба, како и, впрочем, целиот свет?

Инаку, преку блокадата на Собранието, со цел да предизвика предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ започна уште во мај годинава, кога Христијан Мицкоски најави дека опозициска блокада во Собранието е „стратегија што ќе трае“ и нема да биде само „инстант акција“, а причината на блокадата се „сите штетни законски решенија и прописи што доаѓаат од Владата“.

Мицкоски најави и блокади на институциите ако нема договор за предвремени избори во текот на летото, што не се случи, иако беше во контекст на „францускиот предлог“ за пристапните преговори за членство во ЕУ. Предлогот се изгласа, протестите пропаднаа, а Собранието продолжи да си работи, како што и Северна Македонија да чекори кон ЕУ. Или како што изјави и претседателот на Собранието, Талат Џафери, ВМРО-ДПМНЕ може да ја блокира работата на Комисиите со кои раководи, но не и работата на самото Собрание.

И пак се враќаме на штетата што ќе ја претрпат граѓаните на сметка на личните интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, што поради своите деструктивни политики досега ја чинат државата изгубени 100 милиони евра од ЕБОР за справување со енергетската криза, неискористени 70 милиони евра, исто од ЕБОР од Град Скопје, за кои  државата плаќа 350 илјади евра годишно на ЕБОР како камата, додека парите наменети за проектот стојат, за БРТ градскиот превоз, а Скопје нема да добие пречистителна станица поради внатрепартиските игри во ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска што придонесе да пропадне тендерот вреден 136 милиони евра.

Зошто не предвремени парламентарни избори?

Освен што се шок за системот, особено во услови на општествено-политичките и економските предизвици и кризи поврзани со  домашните и регионалните трендови, но и со глобалната криза предизвикана од руската инвазија против Украина, предвремените парламентарни избори не треба да бидат политичко правило. Или, во овој контекст, може да се зборува за партиско правило или „оној кој губи има право да се лути“, ама самите на себе, а не како што секогаш велат „во интерес на граѓаните“.

Инает

Предвремени парламентарни избори ниту се пожелни, ниту има реална потреба од нив. Но, инсистирањето на ВМРО-ДПМНЕ, односно Мицкоски, можеби е само да се остане „доследен“ на ветувањето што го даде на премиерот Димитар Ковачевски по средбата во јули годинава во врска со „францускиот предлог“.

„Му понудив да излезе и да го отфрли ова, а јас да се повлечам од барањето за предвремени избори и од активна блокада во Собранието. Само треба да го отфрли предлогот и да рече НЕ“, изјави тогаш Мицкоски.

Стабилноста и континуитет на процесите во државата се битен фактор во услови на криза која не е (само) политичка. Политичката криза, вештачки, преку блокади, се обидува да ја создаде токму ВМРО-ДПМНЕ (и неколку други, помали политички актери).

Повеќе од очигледно е дека нема реална основа за предвремени парламентарни избори.

Едноставно, опозицијата е на патот на сопствените интереси и апетити за власт, без да застане и праша што, всушност, е интересот на граѓаните: Одговорно однесување и вклучување на опозицијата во процесите или постојано блокирање и кочење закони што се од круцијално значење за граѓаните.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ПРОЧИТАЈТЕ И:

Нови предизвици за стабилноста на државата: Преку блокада, до предвремени парламентарни избори

Print Friendly, PDF & Email
Tags: блокадиВМРО-ДПМНЕДИКпредвремени парламентарни избори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ