• Latest

Преглед на настани: 2,4 милиони евра Германски грант за обновливи извори на енергија, МОН и Сојузот на средношколци постигнаа компромис…

February 15, 2021
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преглед на настани: 2,4 милиони евра Германски грант за обновливи извори на енергија, МОН и Сојузот на средношколци постигнаа компромис…

February 15, 2021 16:32
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ– Грант од 2,4 милиони евра од Германија за премин од традиционалните кон обновливите извори на енергија

Грант во висина од 2,4 милиони евра наменет за енергетска транзиција од традиционалните кон обновливите извори на енергија доби денеска Северна Македонија од Германија.

Средствата ќе ги користи „Електростопанство на Македонија“ (ЕСМ), а ќе бидат наменети за финансирање на изработката на физибилити студиите и студиите за влијанието врз животната средина за фотоволтаичните електрани во кругот на РЕК „Битола“, рехабилитацијата на шест големи хидроелектрани, ветерниот парк Миравци, модернизацијата и надградбата на комлексот на подржруницата „Енергетика“ во Скопје, како и за соларната топлификација од РЕК „Битола“ до општините Битола, Новаци и Могила.

Договорот беше потпишан во Владата од страна на генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на  KfW банката за Северна Македонија и Косово, Рене Ешеманн, а на чинот на потпишување присуствуваа и премиерот Зоран Заев и германската амбасадорка Анке Холштајн.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Холштајн: Ги охрабруваме Северна Македонија и Бугарија во иднина заеднички да работат на можно, конкретно, широко позитивно поставување на агенда

„Започнувањето на пристапните преговори меѓу ЕУ и Северна Македонија беше во секторот на проширувањето една од нашите најважни цели во претседавањето на Германија. Ние можевме да дојдеме до спогодба со 26 земји, но 27 земји не дадоа согласност. Остануваме и понатаму на прашањето. Остануваат разговорите кои се водат на високо ниво помеѓу германската Влада и сите вклучени страни. Работиме секако тесно заедно со португалското претседателство“, рече германската амбасадорка Холштајн одговарајќи на новинарско прашање на заедничка прес-конференција во Владата со премиерот Заев по потпишувањето на Договор за грант од германската КВФ банка наменет за обновливи извори на енергија.

Таа ги охрабри двете земји да работаат на заедничка агенда и да покажат соработка како вистински потег во правец на постигнување на консензус меѓу 27-те земји членки за отворање на пристапните преговори

„Ги охрабруваме Северна Македонија и Бугарија во иднина заеднички да работат на можно, конкретно, широко позитивно поставување на агенда, која што за двете земји ќе покаже дека работат заеднички, дека практично оваа соработка ќе биде најдобриот начин да се направи чекор напред и да дојдеме до согласност на сите 27 земји членки за да можеме да ја одржиме првата конференција за пристапување. Јас сум убедена дека тоа ќе успее, како дипломат сум оптимист по природа, но исто така сум убедена дека ќе успее. Сите знаеме дека отворањето на првата конференција е многу повеќе од заслужено и е крајно време да се случи“, рече германската амбасадорка Холштајн.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МОН- Државниот матурски одбор го прифати предлогот за два екстерни и два интерни испита и проектна задача

Државниот матурски одбор денеска на онлајн-состанок го прифати предлогот државната матура да се состои од четири испити (два екстерни и два интерни) и проектна задача. Во наредните денови одборот ќе треба да подготви нова предлог-концепција

Избори– Парламентарни избори заедно со локални нема да има, порача премиерот Зоран Заев откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара предвремени парламентарни избори за кои рече дека најдобар термин за одржување е заедно со локалните избори наесен.

Бесими изјави дека одговорил на писмото од  ДИК дека можат да ги спроведат сите постапки, доколку ценат дека можат да стасаат во временскиот рок и дека тоа е изводливо согласно со протоколите да се реализира во текот на оваа година.

За локалните избори ќе нема финансиска пречка, а во Буџетот има средства за која било фаза во процесот како што е предвидено во Законот, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Лични карти – Милошоски бара на личните карти да стои национална припадност, но не придавката Северна

„Измените во Законот за лични карти во делот на впишување на етничката припадност на граѓаните се прифатливи за нас, но неприфатливо е на документот да стои новото уставно име Република Северна Македонија“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

СЛОБОДНА ЗОНА

„После декларираната согласност во личните карти – документи за докажување на личниот идентитет на носителот, во смисла на идентификација на неговото место на живеење и персоналниот број под кој се води во државните архиви на податоци – да стои и етничката припадност на граѓаните, прашање е зошто во неа да не се најде и нивната религиска припадност? (За да се заштеди простор, практично е тоа да биде претставено со различни видови крстови, полумесечини, буди, „Давидови ѕвезди“ и сл.) А зошто не и нивната сексуална ориентација? (И тоа би можело да биде симболично претставено, можеби и посликовито од религиската припадност…) И зошто, ако веќе во личните карти треба да стои етничкиот идентитет, тие и да не се печатат во десетина бои, за секоја етничка група во земјава посебно, за уште полесно декларирање на таа идентитетска припадност?“, пишува Сашо Орданоски во колумната  „Флертот на СДСМ со уставниот концепт на државата“

„Односите помеѓу Македонија и Бугарија се под рефлектор. Не само на домашната политичка сцена  во Скопје и Софија, туку и пошироко во регионот и Европа и не само Европа, САД и новата администрација на Џозеф Бајден, ако се сумира нивниот поглед на проблемот, може да се смести во една реченица: ,,Доста ја малтретирате Македонија!“. Премиерот на Македонија, Зоран Заев, даде интервју за бугарската агенција „БГ Нес“, кое и овдешната и тамошната јавност го оценија како обид да се одоброволи Бугарија и да попушти во однос на почетокот на преговорите со ЕУ. Дали тоа ќе се случи пред или после најавените парламентарни избори во Бугарија во овој момент е тешко да се процени.“, пишува Александар Н. Писарев во анализата ДОСИЕ: Македонско-бугарски односи под рефлектор (1)

„Кампањите против дезинформации и лажни вести се особено проблематични во демократските системи и се повеќе се расправа за тоа како да се решат овие прашања, без да се поткопуваат придобивките од дигиталните медиуми. Со цел да се одржи отворен, демократски систем, важно е владата да промовира писменост со вести и силно професионално новинарство во нашето општество. „Индустријата“ за вести мора да обезбеди висококвалитетно новинарство со цел да се изгради доверба во јавноста и да се делегитимираат лажните вести и дезинформации, а актерите на таквите вести да се гонат кривично.“, пишува Сафит Зеќири во колумната Социјалните медиуми и дезинформациите

 

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ