• Latest

Преглед на настани: Адмиралот Бурк на годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, повик да се игнорираат хушкачите за бојкот на пописот…

March 26, 2021
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск основа нова политичка партија, ја нарече „Американската партија“

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Адмиралот Бурк на годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, повик да се игнорираат хушкачите за бојкот на пописот…

March 26, 2021 16:39
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ Годишнина од членството на Северна Македoнија во НАТО Алијансата

Командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк денеска е во официјална посета Северна Македонија. Повод за посетата на Адмиралот Бурк е одбележувањето на првата годишнина од членството на Северна Македонија во Алијансата и затворањето на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.

Адмиралот Бурк оствари средби со претседателот на државата, Стево Пендаровски, со премиерот ЗОран Заев, а одржа и заедничка прес-конференција со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Имавме можност да разговараме и за иднината. Северна Македонија веќе придонесува за НАТО на многу начини… Сакам да се заблагодарам за придонесот на Северна Македонија кон Алијансата, нивната волја да се изнајдат многу начини за реализација на целите на Алијансата. Зборувавме и за тоа како понатаму може да се придонесе, како што се во новите облици на закани“, изјави админралот Бурк на прес-конференцијата.

Шекринска додаде дека затворањето на канцеларијата за врски значи дека ја завршила својата работа со успех, а Северна Македонија израсна во сојузник кој што може со свои сили да се развива дома, но и да придонесе кон колективната безбедност на Алијансата.

На средбата со Бурк, премиерот Заев истакна дека членството во НАТО е остварување на определбата на граѓаните и на политичките елити во земјата негувана и афирмирана низ годините наназад уште од прогласувањето на независноста на Северна Македонија.

„Одржувањето на безбедноста, стабилноста и просперитетот на нашиот регион претставува колективен интерес на сите. Република Северна Македонија е подготвена да продолжи со реформите во одбраната и модернизација на Армијата согласно сите НАТО стандарди, кои истовремено овозможуваат државата да ги проектира и заштити своите витални национални интереси и да ја зајакне својата геополитичка и гоестратегиска положба“, истакна Пендаровски на средбата со Бурк.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Симовски: Ги повикувам сите граѓани, особено Македонците да не ги слушаат хушкачите кои повикуваат на бојкот на пописот

„Еве се подобруваат временските услови и пописот може да се спроведе на отворено, бидејќи не сакаме ниту граѓаните ниту попишувачите да се заразат. Ќе бидат припазени сите мерки за заштита од Ковид-19.

Хушкачите имаат за цел да и наштетат на државата, да пропадне во кал, а не да оди напред. Не им е грижа нив за здравјето на граѓаните. Пописот ќе се одржи, нема да се одложи. Деструктивните сили имаат цел да шират лажни вести, таквите центри за ширење на дезинформации не треба да се слушаат…  Ние не сме обвинителство и суд и не можеме да реагираме, но можат надлежните институции да поведат постапки против тие што повикуваат на бојкот. Но, нам не ни е целта да се казнуваат граѓаните, нам ни е цел да собереме податоци“, изјави Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика на денешната прес-конференција.

ЦИВИЛ МОНИТОРИНГ

Бојкот на пописот е кривично дело, целта на пописот е да соберат податоци, а не казни…

За една недела ќе започне официјалниот дел од пописот. До тогаш треба да заврши попишувањето на одделните категории население, во кои покрај бездомните лица спаѓаат и затворениците, припадниците на Армијата кои се во мировни мисии и дипломатско-конзуларните претставници на земјава и нивните семејства.

За сите актуелности и информации поврзани со пописот во неделата што одмина прочитајте повеќе на следниот ЛИНК

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Министерот за правда Бојан Маричиќ во Брисел имаше две одвоени средби со словенечките европратенички Тања Фајон и Ирена Јовева, на кои се разговараше за реформите во Северна Македонија со фокус на оние во правосудството и борбата против корупцијата.

СТРАТЕШКА ЦЕЛ „Сметаме дека првата меѓувладина конференција и почетокот на преговорите треба да се одржи веднаш и без одлагање и работиме тоа да се случи уште во јунскиот самит на ЕУ“, рече на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

ЕДУКАЦИЈА Отворена првата Школа за политики при Претседателскиот центар за политичко образование која ќе се реализира преку четири едукативни семинари со еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство.

СОЦИЈАЛА Примената на Законот за работни односи и „Недела неработен ден“ ќе бидат со одложена примена, од 1 јануари 2022 година

АКЦИЈА Основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска одржа прес – конференција во врска со спроведената акција во јавноста позната под името „Планина“, на која соопшти дека акцијата е пробиена, а нарко-босовите се во бегство

ЗЕЛЕНИ Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорот на Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон и постојниот претставник на УНДП Нарине Сахикјан денеска во Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип ја презентираа новокупената опрема во рамки на проектот дизајниран за решавање на загадувањето на воздухот во Скопје.

ВАКЦИНАЦИЈА Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во недела, на 28 март во државава ќе пристигне првата пратка вакцини од „Астра Зенека“ преку Ковакс системот.

СЛОБОДНА ЗОНА: Орданоски за тет-а-тет средбата Заев-Мицкоски, Дерала за вредностите во нашето општество

„Уште поважно, средбата ќе биде без присуство на – никого! Тоа значи дека ќе се разменат искрени аргументи со неискрени мотиви коишто не можат да се раскажат јавно. Господ знае – „а и Тој работи за МОСАД“ – што ќе си кажат двајцата меѓусебно. Но, самиот тој факт ќе им остави слобода „пред своите“ да го толкуваат разговорот така како што тие сакаат. Тоа на Мицкоски повеќе му одговара, бидејќи околу него и хаосот и потребата од манипулации се поголеми, слично како што – во балансот на стравот и заканата – толкувањата на договорот Груевски-Тодоров е само нивен прерогатив.

Затоа е препорачливо во врска со оваа прва ваква најавена средба да не се негуваат големи очекувања за „љубов и разбирање“. Доколку, сепак, не дојде до потполно разидување во ставовите (што ќе го дознаеме веднаш по средбата, ако фатат да го кршат порцеланот), ќе биде интересно да се видат разликите во толкувањата што ќе се „преточат“ низ блиските медиуми на обајцата.

И двајцата имаат потреба да си помогнат. Прашањето е само дали можат да се договорат. Но, без грижа, цехот секако го плаќаме ние“, вели Сашо Орданоски во денешната колумна  Што можат, всушност, да се договорат Заев и Мицкоски?

„За кои вредности говориме овде? За европските вредности говориме! Еднаквост, владеење на правото, социјална и еколошка правда, почитување на човековото достоинство, човекови права и слободи, слобода на изразувањето, еднакви можности за сите, почитување на различностите и антинационализам. Ете, за тоа говориме. Критиката тргнува и завршува кај вредностите. Останатото е пропаганда.

Оние што дејствуваат спротивно на тие вредности, се легитимна мета на прогресивната јавност, без оглед на тоа дали се на власт или во опозиција.

Отсуството на разбирање и искрено залагање за вредностите во општеството, неодговорноста, алчноста, корумпираноста, неискреноста и неписменоста, придружени со мрзата, неписменоста и аљкавоста доведоа до деградација и продолжена агонија на општеството“, вели Џабир Дерала во денешниот РАФАЛ За вредностите се работи!

Б. Јорданавска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ