• Latest

Преглед на настани: Апликацијата за попис е безбедна, концептот за образовни реформи пред пратениците, Колозова за поларизацијата меѓу граѓаните и државата

February 5, 2021
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преглед на настани: Апликацијата за попис е безбедна, концептот за образовни реформи пред пратениците, Колозова за поларизацијата меѓу граѓаните и државата

February 5, 2021 16:36
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ДЗС ја објави Методологијата за пописот

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска ја објави Методологијата за подготовка, организација и спроведување на пописот во април 2021, каде што истакна дека македонските државјани кои се во странство може да се попишуваат на посебна апликација за попис или за нив податоци да даде некој близок. Тие со ковид ќе се попишуваат според протоколи на Министерство за здравство. Ќе има најмалку 5.500 попишувачи, а освен на терен, ќе се користат и бази на податоци од институции. Тој потенцира дека граѓаните ќе треба да одговорат на шеесетина прашања во рамки на пописот кој ќе се одржи од 1 до 21 април годинава, а смеат да не одговорат само на три прашања.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Симовски во одговор на ЦИВИЛ: Податоците од апликацијата за попис се безбедни

„Апликацијата за попис на македонски државјани кои се во странство да може сами да се попишуваат е направена и ќе биде достапна од 1 март и ќе трае до 21 април. Оваа апликација е максимално безбедна и сите мерки за безбедност се преземени и ниту едно лице кое се наоѓа во државата нема да може да се вклучи на оваа апликација, значи исклучиво вклучувањето ќе биде од странство со посебни процедури кои ќе бидат едноставни за да може граѓаните да се вклучат на апликацијата. Преземени се сите мерки за безбедност на податоците и комуникациите“, вели Апостол Симовски, директорот на Државен завод за статистика, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа дали е направена апликацијата и колку е безбедна за попис на македонските државјани кои се во странство и дали постои можност за сајбер напад како што се случи на последните избори кога беше хакиран сајтот на Државната изборна комисија.

ИНТЕРВЈУ: Колозова: Државниот апарат како да се штити сам себе од граѓанинот, наместо да го штити граѓанинот од себе

ЦИВИЛ Медиа разговараше со една највредните претставнички на академската, научната и филозофската фела во земјава и едно од најрелевантните имиња во светската современа филозофија, проф. д-р Катерина Колозова.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Образование – Собранието денеска, на седмата седница ја  започна јавна расправа за Нацрт-концепцијата за основно образование организирана од матичната Комисија за образование, наука и спорт.

АРМ –Воените лица и цивилите во служба на АРМ нема да смеат да раководат, застапуваат и претставуваат политичка партија и да бидат членови на органи на партија, а со членство во партија нема да смеат да ја доведат во прашање професионалноста, непристрасноста и законитоста во вршењето на работите во Армијата или Министерството за одбрана

Институт за демократија -Квалитетот на дебатата во Собранието доби средна оценка 5,5 во Извештајот на Институтот за демократија од Скопје за периодот од 4 август до 31 декември 2020 година.

Мултикултура – Специјалниот владин претставник за Бугарија, Владо Бучковски за телевизија Телма потврдил дека е договорено од март сателитскиот канал на Бугарската национална телевизија – БНТ 4, освен преку операторот А1, да се реемитува и на „Макс ТВ“ на Македонски Телеком, во кој државата има свој удел. Истовремено, сателитскиот канал на Македонската телевизија да се реемитува на бугарските телевизиски оператори.

Фејсбук –Цукерберг најавува потиснување на политичките содржини од Фејсбук

Цукерберг најавува и нешто, кое е во фаза на подготовка, но за земји како нашата каде Фејсбук е доминантна социјална платформа, може да значи целосно или делумно пренасочување на другите социјални платформи Твитер и Истаграм, и тоа во фокусот на намалување на политичките содржини.

СЛОБОДНА ЗОНА

„На сите светски листи на влијание, наназад којзнае колку години, Меркел – доктор на науки од областа на квантната хемија, а покрај германски, говори и руски и англиски јазик – е на самиот врв, мерено и меѓу жените и меѓу мажите. Скромна, цврста, автентична, речиси без суета. Глобална фигура на надеж.“, пишува Сашо Орданоски во колумната Кој вели дека не може и поинаку?

Мицкоски решил лично да му се „пушти“ на премиерот, со коментар на неговата Фејсбук страница:

„Бидејќи гледам дека премиерот реши да не ги брани македонските интереси, јас ќе одговорам дека ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев е Македонец, и тоа еден од најсветлите во македонската историја.“, пишува Џабир Дерала. Во Рафалот Што прави Мицкоски на шестиот кат?

„Место секојдневни прес-конференции на кои лидерите се обвинуваат за неспособност или се честат со атрибути, како што се криминалец, корисник на корупција, предавник и слични милозвучни пофалби да одредат датум за двобој.

Да, да вистински двобој на одредено место и со што е можно поголема јавност. За секој случај да не се договорат на некое пониско ниво во партиската  номеклатура, па сѐ да изгледа познато“, Војо Маневски во колумната Двобој на наш начин.

Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ