• Latest
Фото: balkaninsight.com

Преглед на настани: Институтот Торлак ќе обезбедува вакцини за Северна Македонија, 54.662 работници не земале плата за март, Ромите се виновни за сè…

April 20, 2021
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Институтот Торлак ќе обезбедува вакцини за Северна Македонија, 54.662 работници не земале плата за март, Ромите се виновни за сè…

April 20, 2021 17:10
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: balkaninsight.com

Фото: balkaninsight.com

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ Северна Македонија до Институтот „Торлак“ ќе може да се обрати за секоја нарачка на вакцини

„Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград ќе биде местото каде ние за секоја понатамошна нарачка на вакцини може да се обратиме и согласно капацитетот можеме да сметаме дека ќе има доволно количини и за нашите граѓани“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Институтот.Одговарајќи на новинарско прашање Филипче рече дека ревакцинацијата на нашите граѓани што се вакцинираа во Србија следи по 12 недели од првата доза и тоа ќе биде период кога веќе ќе има доволно количини на вакцини од сите производители.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Лукаревска: Во март 54.662 работници не земале плата

„Во март не им била исплатена плата на 54.662 работника, а во февруари на 9.947 работници… Имајќи предвид дека се очекува реализација на оваа мерка за финансиска поддршка од петтиот сет антикризни мерки, сè уште немаме започнато како даночен орган да спроведуваме присилна наплата по неплатените МПИ за месец февруари 2021 и немаме спроведено опоменување за неплатените МПИ за месец март 2021“, изјави директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.

ГОВОР НА ОМРАЗА

Ромите се, повторно, главните и единствени крадци во градов, овој пат, на велосипеди! „Секој трет велосипед“ во Шуто Оризари, е украден, а единствена информација или „доказ“ дека се украдени, е тоа дека се – префарбани!

Ова го вели лик што се крие зад Фејсбук профилот Albert Black, на Фeјбук страницата Украдени точаци. Навидум и површно гледано, ликот пишува со смирен и културен, речиси во стил на репортажа, со кој нè води низ неговата прошетка низ скопската општина Шуто Оризари, каде што забележал дека секој трет велосипед по улиците, е префарбан, што според него, автоматски е и украден. Понатаму, следи описот на луѓето што ги возеле тие велосипеди.

Прочитајте повеќе: Ромите се главните крадци во земјава!

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОДЛУКА Собранието во рамки на 34. седница го усвои Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за даноците на имот, во прво читање и го даде на понатамошна постапка.

ПОДДРШКА Шестиот пакет мерки, вреден 17,8 милиони евра, содржи таргетирана финансиска помош за околу 10.000 компании и околу 60 илјади вработени. Опфатени се 12 категории на дејности, а мерки има и за туристичките агенции

ЕКОНОМИЈА Работодавачите и самостојните вршители на дејност ќе можат од денеска до 30 април да аплицираат за мерката од Петтиот пакет мерки – Финансиска поддршка за исплата на плати за февруари и март. Поддршката изнесува од 14.500 до 21.776 денари по вработен, согласно падот на приходите три месеци пред месецот за кој се аплицира за поддршка, во однос на истиот период лани

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ Министерството за животна средина и просторно планирање ја достави својата втора национална заложба за климатска акција пред Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC), бележејќи ја обновената посветеност кон исполнувањето на Договорот од Париз од 2015 година

МЕДИУМИ Последниот Индекс на слобода на медимумите на Репортери без граници ја рангира Северна Македонија на 90 место, односно со напредок од две места од минатата година

ЗЛОУПОТРЕБА Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(48) од Скопје и В.З.(60) од Скопје, двајцата вработени во Агенција за вработување, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353-а став 1 од Кривичниот законик

КОВИД-19 Државата ќе ги подмири трошоците за ПЦР-тестови за странските туристи во соработка со Институт за јавно здравје, Фондот за здравство и Министерство за здравство,

СЛОБОДНА ЗОНА

„Прилично одамна, многу попаметни од мене, заклучиле дека корупцијата не е болест на поединечните или групните клептомани во и околу власта, туку симптом на состојбите во општеството. Кога се јавува во помасовни размери – за потоа да се третира дури и како дел од „менталитетот“ на некоја заедница – корупцијата, всушност, симптоматски укажува на тоа дека општеството е соочено со долгогодишна (обично и повеќегенерациска) нестабилност, неизвесност и непредвидливост, што тера многумина својот општествен статус да го стекнат, да го заштитат и да го унапредат на „нередовен“, брз, рискантен, но за многумина исплатлив начин. „Једном се живи!“, кого ќе го фатат (Рашковски, можеби) го фатиле, но многумина други се обидуваат – и сигурно ќе го прават тоа и во иднина – својата вертикална социјална мобилност да ја обезбедат со корупција, а не со инвестирање во трајни вредности и однесувања, како што е тоа во „нормалниот“ свет“, вели Сашо Орданоски во колумната Кога корупцијата ќе ги изеде сопствените деца

„Граѓанките и граѓаните не ги плаќаат политичарите да сеат омраза и непријателства, не ги плаќаат да им штетат на институциите и на демократските процеси, туку да работат и да носат одлуки за добробитта на општеството и државата. Одамна е познато дека мета на деструктивните кампањи се политичките противници, но и активистите, новинарите и интелектуалците. Кампањите се ужасни: се повикува на леење крв, убиства и линч, се навредува и плука со крајно погрдни изрази, се прават фото и видео монтажи, дрско се лаже и се клевети. Дури ни децата не се поштедени во овие грозоморни кампањи“, пишува Џабир Дерала во денешниот РАФАЛ Не ги плаќаме политичарите да сеат омраза и непријателства

„Темата “паркиралиште на Холидеј Ин“ мора да се започне со вовед дека урбанизмот и како наука и како практикум, е навредливо маргинализиран подолг период и дека последиците од толку неодговорен и примитивен однос кон планирање на просторот, ги чувствуваме. Значаен момент во овој провокативен период е донесувањето и стапувањето на сила на новиот Закон за урбанистичко планирање кој предвидува нови пристапи, нови алатки, висока стручност во примената. Во новиот Закон се препознаваат доследност кон елементарните принципи во процесите на планирањето како на пример во ставот 5 од членот 35: „Детален урбанистички план или дел од детален урбанистички план што не е усогласен односно е во спротивност со одредбите од генералниот урбанистички план, не може да се применува.“, пишува архитетката Даница Павловска-Циги во Заробен простор

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ