• Latest

Преглед на настани: Обвинителите и судиите ќе се оценуваат преку шестмесечен извештај, пратенички прашања, попис во април

December 30, 2020

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Обвинителите и судиите ќе се оценуваат преку шестмесечен извештај, пратенички прашања, попис во април

December 30, 2020 16:33
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Обвинителите ќе се оценуваат врз основа на шестмесечен извештај со увид во шест предмети, а судиите врз увид во 10 предмети

Враќањето на довербата во правната држава може да се случи само преку ефикасно судство и јавно обвинителство. Европската Комисија како резултат на спроведувањето на стратегијата за реформа во правосудството со што се адресираат и препораките од итните реформски приоритети, Извештајот на Прибе и на Венецијанската комисија нотира добар напредок во правосудството во нашата земја.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за правда Бојан Маричиќ, кој заедно со јавниот обвинител, Љубомир Јовески и претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев ја презентираа Методологијата за проверка на работата на правосудството.

-Сепак, во извештајот се наведено дека е потребно случаите за висока корупција и организиран криминал, вклучително и оние кои ги отвори поранешното СЈО да бидат затворени, односно да има правосилни пресуди. Изминатиот период бевме сведоци дека некои од овие предмети, но и други често се одлагаа, некои од нив застаруваа, а за некои целиот процес се одвиваше едноставно многу бавно. Токму затоа ЕК препорачува дека во фокусот за следниот период треба да се продолжи со конзистентно спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор и ажурираниот Акциски план на инклузивен начин, имплементација на правната рамка од клучните чинители со што ќе се придонесе за подобрување на довербата во правосудниот систем, нагласи Маричиќ.

Министерот потсети дека пред неколку недели Судскиот совет како надлежна институција донел неколку клучни документи со кои ќе биде спроведена динамична проверка на работата на судиите и ќе придонесе кон зајакнување на транспарентноста, одговорноста и етиката во фелата. Правилник за оценување донеле и од Јавното обвинителство, што според Маричиќ е темел за зајакната одговорност согласно Законот за јавно обвинителство.

-Овој процес како Влада и како Министерство ни е од исклучително значење и веруваме дека истиот ќе придонесе кон враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем која долго време беше на ниско ниво. Ние не сакаме на кој било начин да правиме притисок или какво било влијание врз судството и обвинителството, но должни сме да се грижиме и будно да го следиме процесот со кој ќе добиеме реформиран, транспарентен, ефикасен и од какви било притисоци ослободен правосуден систем. Тоа им го должиме на граѓаните, порача Маричиќ.

Јавниот обвинител Љубомир Јовевски појасни дека во Правилникот за оценување на работата на јавните обвинители се доизработени законските основи и дека при проверка на работа на обвинителите за критериуми ќе се ценат стручност и квалитет во одлуките, правните лекови и други писмена, ажурност и ефикасност во постапување на јавниот обвинител, непристрасност и совесност,…

-Како и во рамките на судовите, оценувањето на јавните обвинители се врши на четири години и овој нов циклус на оценување ќе започне од 1 јануари следната година. Меѓутоа, обвинителите ќе се оценуваат врз основа на шестмесечни извештаи во кои ќе бидат разгледувани шест предмети, од кои три ќе ги посочи јавниот обвинител, додека другите предмети ќе се изберат по случаен избор појаснува Јовески.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Филипче: Нема цена што Владата не може да ја плати за вакцината против Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја дочека новата година во домашни услови во кругот на семејството. Тој денеска во изјава за медиумите апелираше и до граѓаните да бидат совесни, да не се групираат и да ги почитуваат препораките за време на претстојните празници.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ:

Баута Шаќири: Треба да живееме во европски дух, обединети во различностите

Петрит Сарачини: Национализмот не враќа во минатото, време е да се обединиме за иднината

 

Несрин Таир: На крајот ќе мора да се обединиме во различностите за да одиме напред

Џабир Дерала: Обединети во различноста, од денеска, од сега!

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев од собраниската седница истакна дека чекува од бугарската страна да направи чисто признавање на македонскиот народ и македонскиот јазик, а опозицијата да не печали лични поени на штета на европската иднина. Заев до Мизрахи потенцираше дека може да биде 10 пати поголем квази патриот од нејзе, но граѓаните заслужуваат европска иднина.

Антикорупциската комисија ќе покрене иницијатива пред Јавното обвинителство за поведување постапка за политичка партија за незаконско финансирање за време на изборната кампања на предвремените парламентарни избори.

Не стивнуваат реакциите од научно-наставната фела после заклучоците донесени од Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет во Скопје, а во врска со Нацрт верзија на Концепцијата за основно образование, претставена од Министерството за образование. Елена Џукеска од Институтот за класични студии на Филозовскиот факултет, не се согласува со донесените заклучоци и затоа гласала против.

Германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн денес предаде донација вредна 16 илјади евра во Поликлиниката во Шуто Оризари. Станува збор за медицински материјал, кој е донација од Амбасадата на СР Германија преку Здружението на граѓани Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп.

Над 1 милијарда и 100 илјади евра се за граѓаните, за 2020 и 2021 година, рече премиерот Заев и додаде дека се вратени и сите доспеани обврски на државата.

Попис ќе има во април догодина зашто е неопходен за развојот на државата, велат од владејачкото мнозинство и порачуваат дека тоа е статистичка операција што не треба да се политизира и да зависи од волјата на политичките партии и лидери. Опозицијата, пак, изразува сомнежи во предложениот закон за попис, интервенира со амадмани и смета дека е подобро да се пролонгира за еден месец за тој да биде кредибилен.

СЛОБОДНА ЗОНА 

Џабир Дерала во колумната „Среќна нова надеж“ пишува: „Во вакви (празнични) денови, треба да кажеме и збор-два за сите шанси што ги пропуштивме да бидеме подобри луѓе, да покажеме повеќе солидарност и разбирање за другите, да бидеме помудри и да го најдеме своето место под сонцето (или облаците). Тоа е првиот чекор кон избегнување на нови неуспеси од ненаучени лекции. Наместо „можеше и полошо“, токму во вакви денови, новогодишни или за време на Божиќ, Велигден, Бајрам или Јом Кипур, треба да фрлиме и лут или барем подозрив поглед зад себе, да ги погледнеме нашите сопствени грешки. Не мора да опцуеме, тоа нека го направат простаците како некои хистерични професорчиња и пратеници во парламентот, но можеме да кажеме „можеше и подобро, многу подобро“. И да повлечеме линија“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ