• Latest
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Среќна нова надеж

December 31, 2020
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Среќна нова надеж

December 31, 2020 08:01
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Секогаш кога сакаме да се утешиме, велиме „можеше и полошо“. И во деновите пред Новата Година, имаме незапирлива потреба да правиме разни декларации, да даваме ветувања и да правиме планови за подобра година пред нас. Пред себеси и другите се трудиме да ги занемариме, за миг, неуспесите, маките и трагедиите и да бидеме позитивни. Тоа е човечки, многу човечки.

Пандемијата ја покажа ранливоста на светот и поредокот. На смешната страна, сигурен сум дека веќе сега се пишуваат сценарија за урнебесни (и црни) комедии на сметка на тоа како светот (не) се справи со пандемијата.

Огромните човечки загуби и неизмерното страдање на луѓето кои умираа по болничките ходници или згаснуваа сами во своите домови, беа придружени од урагани од лажни вести и теории на заговорот. Без нив, светот ќе имаше далеку помалку жртви. И наместо да се справат со Ковид-19 со здружени напори, корпорациите и политичарите ги поделија научниците и влегоа во беспоштедна битка за профит, која сé уште трае. А голем број од жртвите од Ковид-19 се на совеста (ако ја имаат) на оние што ширеа лажни вести и митови за вирусот.

Го заклучивме светот во кој живееме за да се заштитиме од вирусот, но не и пропагандните машинерии кои го претставуваат светот сосема поинаков од тоа што е, и тоа буквално на нашата дланка, преку дисплејот на мобилните телефони. Улиците осамнуваа празни ден по ден, со месеци, економиите се уриваа…

Но војните и оружените конфликти не запреа, бидејќи најкрвавиот од сите бизниси мораше да продолжи. Среде таа битка со вирусот, никој не се сети да каже дека можеби ова е мигот кога човештвото може да прогласи светски мир и почеток на мирно решавање на споровите и конфликтите.

Во светот има 58 активни воени и конфликтни жаришта (според Википедија). На крајот од оваа светска ковид-неволја, многу уредно ќе ги изброиме жртвите и ќе се „забавуваме“ со црните статистики од пандемијата, но стотиците илјади убиени и милионите раселени луѓе ќе останат во здодевните секции на вестите – business as usual…

Новата година носи нова надеж: масовна вакцинација и избавување од злото на пандемијата. Дали? Пропагандите и лажните вести кои уште повеќе ги озлобија и поделија луѓето, ја разнишаа довербата во институциите, науката и експертите, ќе продолжат со несмалено темпо. Тоа ќе го успори вакцинирањето и ќе настанат нови гротескни поделби.

Така, веќе сега „патриотите“ не сакаат да се вакцинираат, а „предавниците“ ѝ веруваат на науката. Па ќе имате „вакцините имаат чипови за контрола на мислите“ или „зошто вакцина од Запад, а не од Русија“, а можеби ќе добиеме и „сакам математичарот Мицкоски да ме вакцинира, не докторот Филипче“… Враќањето во нормалниот живот, што и да значи тоа „нормално“ во светот денес, ќе се загорчи од колосалната неписменост, глупост и озлобеност (со еден збор и продолжено ржење со шлајм: патриотизам).

А ќе биде подобро. Барем малку подобро. Дури и со секојдневната блуткава порција од кашата на „патриотите“ и нивната лута жед за враќање назад, во црното режимско минато. Навистина, охрабрени се од бескрајната попустливост на властите и кревкоста на институциите, но изгледите им се слаби, сепак.

Секогаш постои избор. Колку и да мислиме дека сме безначајни, нашиот избор има ефект. Прогресот, макар и бавен, европската иднина, макар и неизвесна (без или со бугарскиот политички вампиризам), им носи добро на сите – и на „патриотите“ и на „предавниците“. Одамна е јасно дека единствениот потенцијал на режимот е да ги упропасти сите заедно, се разбира, со исклучок на познатите неколкумина, придружени од новата фашистичка елита.

Изборот меѓу иднината и минатото е во рацете на секој човек.

Дури и изборот да се кликне лајк на некоја тотална будалаштина и злоба на социјалните мрежи има ефект. Изборот меѓу вакцинирањето или антиваксерската наивност (да не употребам посоодветен збор)… Да се прави ризична пијана групировка или да се прослави тивко, интимно и радосно со семејството… Да се поддржи пописот или не… Да им се верува на фашистите и криминалците или на оние што ги застапуваат европските вредности и прогресот… Да се шират или да се спречуваат лажните вести и омразата… Да им се упати добар збор и благодарност на сите херои во здравството и сите што го ризикуваат својот за да го олеснат животот на другите или да се плука и пцуе недостоинствено и со желба за политички или друг профит… Кон крајот од годината секој ќе има можност да направи и важен избор меѓу различните вредности и определби зад гласачките пултови.

Не е мала работа изборот што буквално секој може да го направи.

Во вакви (празнични) денови, треба да кажеме и збор-два за сите шанси што ги пропуштивме да бидеме подобри луѓе, да покажеме повеќе солидарност и разбирање за другите, да бидеме помудри и да го најдеме своето место под сонцето (или облаците). Тоа е првиот чекор кон избегнување на нови неуспеси од ненаучени лекции. Наместо „можеше и полошо“, токму во вакви денови, новогодишни или за време на Божиќ, Велигден, Бајрам или Јом Кипур, треба да фрлиме и лут или барем подозрив поглед зад себе, да ги погледнеме нашите сопствени грешки. Не мора да опцуеме, тоа нека го направат простаците како некои хистерични професорчиња и пратеници во парламентот, но можеме да кажеме „можеше и подобро, многу подобро“. И да повлечеме линија.

Колку и да сакаме да биде подобро, колку и да се обидуваме, барем за миг, да заборавиме на лошото или неуспешното зад нас, не можеме да им побегнеме на последиците. Секој од нас е исправен пред избор, во секој миг, на секој чекор од животот. Изборот меѓу упорноста и погледот напред или постојаното кукање и кочење. Да се бориме или да оставиме сé да оди по ѓаволите.

Навистина, во овој неправеден свет, оние што се турнати на најниските скалила од животот, имаат најмалку простор за избор, но го имаат. Секако имаат повеќе шанси да се извлечат од неволјите ако им веруваат на фактите, колку и да се неповолни, а не на црната пропаганда, колку и да изгледа примамливо.

Сите подеднакво ги стигнуваат животните трагедии. И сите имаат подеднаква можност за избор, да бидат подобри луѓе или да им се оддадат на себичноста и злото. На сите им е достапен изборот меѓу мудроста и фактите или глупоста и лагата, човекољубието и мирот или омразата и насилството. Човечноста или нечовечноста.

Среќна Нова. Среќна нова надеж…

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Tags: војнаевропски вредностилажни вестимирНова годинаПрогреспропагандафашизам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ