• Latest

Преглед на настани: Опремата за прислушување на УБК со употребна вредност од 1.418.897 евра, стратегијата за борба против корупција, говор на омраза…

January 26, 2021
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Опремата за прислушување на УБК со употребна вредност од 1.418.897 евра, стратегијата за борба против корупција, говор на омраза…

January 26, 2021 17:27
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Вредноста на уништениот систем за прислушување „Најс“ е 1.4 милиони евра

Судскиот предмет „Таргет-Тврдина“ денеска продолжи со дополнение на доказна постапка. Во судот свој исказ на денешното рочиште даде вештото лице Ѕвонко Кочовски, кој истакна дека во моментот на ништење на системот за прислушување „Најс“ неговата вредност била 1.4 милиони евра.

Одбраната на обвинетите реагираше дека дирекното испрашувањето на овој вештак е преседан во правото од причина дека својот исказ го даде по предлог на судот. Ставот на обвинителството беше дека во однос на ова прашање е воспоставена судска пракса во предметот „Тенк“, и дека не станува за преседан во правото.

Одбраната на обвинетата Гордана Јанкуловска, во своите вкрстени прашања побара појаснување од вештакот Кочовски, зошто не е направена анализа на вредноста на хардверот, софтверот и лиценците на системот за прислушување.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Ивановска: Уште се чека одговор од Владата за усвојување на Стратегијата за борба против корупција

„Жално е што втора година по ред нашата држава нема усвоена стратегија за борба против корупцијата и покрај тоа што таа е подготвена од наша страна. Акциониот план е апдејтиран и сега таа стратегија е 2021-2025. Таа е направена на многу инклузивен начин, правена е со претставници од министерствата, НВО, медиуми и направен е збир на искуство и експертиза, но проблем е што се уште чекаме на одговор од Владата“, изјави во Утрински брифинг претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Македонската јавност се сеќава на крвави примери за тоа кон што води говорот на омразата, неказнивоста мора да престане

Политиката на неказнивост на ширењето и промовирањето на говор на омраза во јавниот простор, на некој начин може да се сфати и како нивно оправдување. Молкот и неказнивоста имаат ист ефект како и да се изразува согласност, па и поттикнување. Дотолку пострашно, тоа го охрабрува користењето на говорот на омразата што неизбежно води кон кривични дела сторени од омраза.

Јавноста може да посведочи како омразата на социјалните мрежи и во јавниот простор води кон опасност да предизвика и резултира со дела од омраза, па и акти на политичко насилство.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Здравствените власти во земјава сериозно ја разгледуваат можноста за набавка на вакцините против ковид-19 на кинеските производители „Синовак“ и „Синофарм“, потврди министерот за здравство Венко Филипче во интервју за емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат. Со помош на кинеската амбасада во земјава веќе се остварени контакти со тамошните производители на вакцини.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на денешната средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, разговарале за вакцините и за регионалните предизвици.

Европската перспектива на Северна Македонија, добрососедските односи, регионалните иницијативи, како и очекувањата во периодот што претстои, беа главни теми на денешната средба во Брисел на вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.

Владата ја усвои тригодишната стратегија за структурни реформи – Програма на економски реформи (ПЕР) 2021-2023, соопшти Министерството за финансии. Програмата, чија подготовка ја координира Министерството за финансии, ја содржи среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и структурните реформи што треба да се спроведат, а кои се утврдени преку заеднички дијалог со Европската комисија.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го потпиша Писмото за спогодба со Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал (UNODC) за воспоставување на национална аеродромска меѓуагенциска група, соопшти владината прес-служба.

Министерката за труд и социјaлна политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски на која што разговaрaa за претстојниот попис на населението на Република Северна Македонија и за потребата од евентуална меѓусебна соработка во делот на попишување на бездомните лица.

Собраниската комисија за финансирање и буџет како матична комисија денеска го усвои дополнувањето на Законот за финансиска поддршка на повеќе категории на граѓани со кое се врши продолжување на рокот за искористување на средствата до 31 март годинава. Предложеното законско решение е во прво читање.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Со изборот на Насер Зибери за народен правобранител се „испразни“ премиерското место на ДУИ за прв Албанец претседател на владата, во последните 100 дена од мандатот на овој владин кабинет. Зибери, без сомневање, со оглед на своето правно и политичко искуство, ветува да биде одлично решение за правобранителската функција – но, што ќе прави ДУИ со своето изборно ветување кон своите гласачи?

Координаторот на пратеничката група на ДУИ во Собранието, Изет Меџити, саркастично, упатува за тоа „каков е договорот“ да се праша Артан Груби, кого потсмешливо го смета за главниот преговарач со коалиционите партнери во власта за кадровската политика на својата партија. А, сите знаеме дека вистинската адреса за тоа прашање е Али Ахмети, како главен потписник на изборната програмска „меница“ на ДУИ што се приложува како „гаранција“ до избирачите пред секое гласање за тоа кој ќе ја добие довербата за влез во новата влада…“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Практичната баналност на национализмот“.

„Законот за Високо образование од 2018 беше некаков компромис меѓу желбите на академската заедница, меѓу кои и Професорскиот пленум (ПП) и Студентскиот пленум, и инерцијата на администрацијата со која се најде опкружена тогашната министерка. Со оглед на тоа дека оној, пак, закон усвоен на крај на 2014 практично значеше делегирање на целиот суверенитет на високото образование во рацете на централана власт (МОН), имплицираше губење работа на куп професори кои, во тој миг, беше невозможно да ги исполнат поставените услови, а и ставање во правна неизвесност на секоја добиена диплома на секој студент, мобилизацијата беше масовна и ја потресе земјата. Законот од 2018 прави компромиси со принципиелно недопустливото, но ја прави состојбата наследена со Законот од 2014/2015 полесно поднослива, беше доволен да замолчиме (некогашниот ПП) и да си легнеме на брашното. И во овој закон, сè уште се фаворизираат фирми – бази-компании со имиња наведени во законот – ама сега повеќе од една (а сите на истото ниво на безобразен капиталистички елитизам кој чини пари), се игнорираат препораките за отворен пристап на ЕУ и, со тоа, да се поттикне учество во базите специјализирани за отворен пристап. И не зборувам за какви било бази туку оние чиј кредибилитет е лесно проверлив како, на пример, DOAJ (која обезбедува пристап преку EBSCO)“, пишува Катерина Колозова во колумната „Со што треба да се занимаваме за да добиеме пристојна академска клима?“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ