• Latest

Преглед на настани: Разрешена „сваровски“ судијката, „директорот“ Мијалков прислушувал од канцеларија, 160 милиони евра за петтиот пакет економски мерки

February 16, 2021
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Разрешена „сваровски“ судијката, „директорот“ Мијалков прислушувал од канцеларија, 160 милиони евра за петтиот пакет економски мерки

February 16, 2021 17:10
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Примадоната на сваровски судството е разрешена едногласно

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука со која е разрешен судија од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено е донесена Одлука за времено оддалечување на судијата од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката.

Како што изјави претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, по завршувањето на седницата се работи за судијката лидија Неделкова. Таа е разрешена и суспендирана, односно времено оддалечена од извршувањето на судиската функција до правосилноста на одлуката. Неделкова за таа одлука има право на жалба до Судскиот совет.

Постапката против Неделкова се водеше по претставка од веќе разрешениот судија Јово Вангеловски.

Неделкова беше една од тројцата кандидати за претседател на Врховен суд, но Судскиот совет се одлучи за Беса Адеми.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Премиерот Зоран Заев за замерките на ВМРО-ДПМНЕ за законот за лични карти изјави: „Тоа знаете како е ‘сакам да водам љубов, ама никако да се прегрнам со партнерот’. Дефинитивно треба да се поддржат вакви работи бидејќи сме мултиетничка држава, јас знам дека има дебати и следам дека тоа може да предизвика одредена дискриминација или не. Ние никогаш не сме се криеле ниту некој од својот идентитет се срамел, напротив, сме се гоордееле и како мултиетничко општество сите се гордееме со етничката разноликост по која сме препознатливи и сме пример за соживот и можат многу развиени земји да учат од нас. Уставот на крајот на денот е Република Северна Македонија и апелирам да дадат поддршка, да не се бараат изговори, затоа што кога поднесувате законско решение не е само договорот од Преспа туку постои и Уставот, а тој вели дека нашата земја е Република Северна Македонија“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

На денешната владина седница донесен е петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните и за компаниите, за стабилна и развојна македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството. Петтиот пакет содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра.

Претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, освен што како статистичка операција е наша обврска како членка на Обединетите нации (ОН) е од исклучителна важност и поради податоците кои ќе ги добиеме. Ставени во контекст на одредени истражувања и анализи, овие податоци ги даваат потребните контури за креирање ефикасни јавни политики за социо-економски развој, се вели во соопштението на Владата на Република Северна Македонија.

Обвинителката Ленче Ристоска на денешното рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ во завршниот збор детално раскажува како се ваделе „бомбите“ (прислушуваните материјали) од УБК. Нејзиниот излагање го почна со потсетување дека земјата веќе има две афери со прислушување, во 1992 и во 2000 година, за кои никој не одговарал. Хронолошки, потоа стигна до 2008 година, кога и почнуваат дејствијата во предметот.

Комуникацијата со бугарската страна очекувам да продолжи во наредните денови и да го финализираме текстот на Акцискиот план, кој е фокусиран на секторската соработка помеѓу линиските министерства како и евентуално да го утврдиме датумот за одржување на втората меѓувладина седница, чии домаќини овој пат сме ние, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

СЛОБОДНА ЗОНА

Сашо Орданоски во колумната „Од Софија, со љубов, виа Табановце!“, пишува: „Гледате, ова Вучиќ го знае „од мали нозе“, го има „цицано“ уште додека учеше политика од Шешељ, па кога Бугарија толку евтино, практично бесплатно ќе му ја „сервира“ Македонија на анти-европска тацна, Вучиќ треба да е будала за да не седне во автобус до Табановце и, со една кутија вакцини, да ги зацврсти сите просрпски стереотипи во Македонија.

Вучиќ не само што не е будала, туку е многу опасен во таа своја вештина да изгледа жовијално будалесто, додека крои регионална политика не само подобро од онаа на Бугарија, туку и од самата ЕУ, што им ја дозволува на Бугарите оваа анти-европска балканска авантура“.

Елена Гаговска во колумната „Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски“, пишува: „Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата. Без разлика дали тој сака да признае, Андоновски има голема платформа и авторитет кои ги користи за ширење дезинформации, омраза и шовинизам и тоа е крајно опасно“.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ