• Latest

Прекината комисиската расправа за кандидатите за уставни судии на барање на ВМРО ДПМНЕ

September 14, 2022

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прекината комисиската расправа за кандидатите за уставни судии на барање на ВМРО ДПМНЕ

September 14, 2022 11:15
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања денеска ја прекина седницата, на која треба да продолжи расправата за кандидатурата за уставен судија на Љубомир Јовески, актуелниот републички јавен обвинител.

Седницата беше прекината по барање на заменик координаторката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, која треба да оди на координација.

На почетокот на денешната седница, пратениците од опозицијата упатија критика до претседателката на Комисијата Марија Георгиевска, поради тоа што по најавената пауза од 15 минути, вчерашната седница воопшто не продолжи со работата.

-Имаше неколку сесии 15-то продолжение на оваа седница во текот на вчерашниот ден. После 17 часот, кога колешката Благица Ласоска заврши процедурално, нашата престедателка не извести дека ќе направиме кратка пауза од 15 минути. Во 17.54 часот, од службите на оваа Комисија добивме порака дека ќе продолжиме со работа во 20 часот. Во 19:40 часот добивме нова порака во која сме известени дека ќе продолжиме со работа во 21:30 часот, за да во 20:49 часот ја добиеме последната порака од собраниските служби дека Комисијата денеска ќе продолжи со работа. Се поставува прашање кој ја кочи работата на оваа собраниска Комисија, рече денеска вопроцедурално обраќање пратеничката Дафина Стојановска.

Според пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ, ситуацијата од вчера покажува оти е погазен Деловникот, Уставот и Етичкиот кодекс.

Претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска на ова одговори дека не го прекршила Деловникот и оти навремено известила за продолжението на седницата.

-Наремено ве известив дека ќе има продолжение на седницата, со цел и со намера да имаат време повеќе колеги да зборуваат, но заради одредени состојби, добивте порака дека седницата продолжува денеска во 9.30. Не сум дозволила на никого од колегите да му биде скратена можноста за реплика или за збор. Досега сум покажала дека соодветно си ја извршувам својата работа, рече Георгиевска.

За следното продолжение на седницата, дополнително ќе информираат од матичната Комисија.

Инаку, Љубомир Јовески е последниот кандидат за кој треба да расправа Комисијата. Изминативе денови членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ. Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска.

Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ