• Latest

Преку алатката sirera.mk ќе се следи спроведувањето на националните фондови за рамномерен регионален развој

June 28, 2021

Над 150 припадници на Армијата вклучени во гасењето на пожарите низ целата држава

July 10, 2025
UN Special Rapporteur to the West Bank and Gaza Strip, Francesca Albanese. Via YouTube

САД воведуваат санкции против функционерката на ОН Франческа Албанезе, фокусирана на човековите права на Палестинците

July 10, 2025

Костадиновска-Стојчевска: Признанието за македонскиот јазик беше затворено прашање, како и зошто повторно е отворено?

July 10, 2025
Фотографија: Miltary Update Фејсбук страница (верификувана од ЦДМТ)

ФОТО НА ДЕНОТ: Украинката Џунга (Ева)

July 10, 2025

Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање

July 10, 2025
Фото: Х профилот на амбасадорката Дир

Смртоносни напади врз Кијив, Русија продолжува со бомбардирањето на Украина втора ноќ

July 10, 2025

Урсула фон дер Лајен се соочува со гласање за недоверба во ЕП поради КОВИД вакцини

July 10, 2025
epa06040850 (FILE) - A file photograph dated on 14 June 2012 (re-issued on 21 June 2017) shows European Union flags waving outside the EU Commission headquarters in Brussels, Belgium. The Jury of the 2017 Princess of Asturias Award for Concord, announced the European Union (EU) as the winner of the 2017 Princess of Asturias Award for Concord during a ceremony held in Oviedo, province of Asturias, northern Spain, on 21 June 2017.  EPA/OLIVIER HOSLET

Србија без напредок во борбата против корупцијата и владеењето на правото, оцени Европската Комисија

July 10, 2025

Велика Британија и Франција се согласија за прв пат да ја координираат употребата на нуклеарно оружје за заштита на Европа од „екстремни“ закани

July 10, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири

July 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Преку алатката sirera.mk ќе се следи спроведувањето на националните фондови за рамномерен регионален развој

June 28, 2021 12:47
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Електронскиот систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторингот и евалуацијата на политиките за рамномерен регионален развој – sirera.mk , наречен СиРеРа денеска официјално беше предаден на управување на Министерството за локална самоуправа.

Станува збор за ИТ базиран систем за следење на спроведувањето на националните фондови за рамномерен регионален развој што треба да обезбеди транспарентни и структурирани информации за да се намалат разликите во степенот на развиеност меѓу урбаните и руралните општини, како и меѓу Градот Скопје и остатокот од државата. Системот врши собирање, користење и архивирање на сите податоци и информации значајни за планирање, спроведување, следење и оценување на политиката за рамномерен регионален развој.

Обезбедува база на релевантна документација за сите реализирани, тековни и планирани проекти, како и статистичко следење и прегледи на нивото на развој на регионите и информации за поврзување на програмите со нивните извори на финансирање. Има систематизирани податоци за сите планско развојни документи релевантни  за регионалниот развој на национално, регионално и локално ниво и база на податоци  со вработени професионалци во органите на државната и локалната администрација, како и база  за надворешни  експерти и стручни соработници. Содржи и финансиска матрица за обезбедување на рамномерност во распределбата на средствата преку поврзување на развојните програми во министерствата и агенциите со соодветните извори на финансирање.

Системот sirera.mk ќе биде јавно достапен на македонски, албански и англиски јазик и во секој момент ќе можат да се видат податоците каква е тенденцијата за регионален развој и дали се почитуваат критериумите и поделбата на парите според степенот на развиеност на планските региони. Изработен е во рамки на проектот Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој (Си Ре Ра) во вкупна вредност од пет милиони швајцарски франци од кои 3,3 милиони се од Швајцарската Влада, а остатокот од државниот Буџет.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи посочи дека имплементацијата на проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој започна уште во 2018 година и се заблагодари на Швајцарската амбасада и Швајцарската агенција за развој и соработка за соработката при неговата реализација.

-Денеска конечно добиваме одлична алатка за следење на политиката за рамномерен регионален развој, а тоа е системот sirera.mk. Функцијата на оваа  современа алатка е да и помогне на Владата, но и на министерствата, агенциите, дирекциите и останатите државни институции во процесот на успешна имплементација  на новиот Закон за рамномерен регионален развој и достигнувањето на инвестирањето еден отсто од БДП во рамномерен регионален развој како импут за развој на општините и регионите, рече Битиќи во поздравниот говор.

Тој нагласи дека системот дава точен преглед на сите инвестиции  кои произлегуваат од националниот Буџет и се инвестираат на регионално ниво и овозможува лесна и навремена координација на сите владини институции кои согласно нивните програми и буџети планираат да инвестираат финансиски средства од државниот Буџет.

-Овој систем ја зголемува транспарентноста и отчетноста на институциите, ја подобрува комуникацијата меѓу нив и ја зголемува ефикасноста и капацитетот на политиките и програмите. Дизајниран е за да овозможи лесна навигација низ голем волумен на различни типови на податоци како што се тековни и реализиран проекти, законската регулатива, национални и европски плански документи, владини програми за рамномерен регионален развој, контролни табли со податоци поделени по општини и региони, мапа на проекти, листа на институции и ред други податоци кои имаат оперативна и употребна вредност за сите владини институции и за граѓаните, рече Битиќи.

Посочи дека системот има можности за понатамошно проширување со податоци за проекти кои се реализираат на локално ниво и се финансирани од други извори на финансирање или за складирање на готови проекти и проектни документации за реализација на проекти во општините и регионите. Алатката, како што кажа, е надополнета со десетгодишни историски податоци за да се види трендот на раст во рамномерниот регионален развој.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски посочи дека веќе се донесени сите документи што се потребни за регионален и локален развој и успешно се имплементирани во соработка со Швајцарската амбасада и УНДП.

-Советот за регионален развој води сметка во сите програми каде Владата дава пари да се запази принципот на развиеност на планските региони, односно парите да се делат во различни проценти во различни региони. Системот ќе овозможи да се направат анализи дали некој регион е запоставен во овој период или не, а доколку се утврди дека е запоставен Законот предвидува можност следната година тој регион да добие повеќе  средства од различните министерства, фондови и институции и тоа да биде координирано преку Советот, рече Милевски.

Дигитализацијата, посочи, ќе овозможи да се добијат точни податоци како се делат парите од државниот Буџет и да се тргне фамата дека во некоја општина или регион не се инвестира или државата недоволно инвестира.

Најави дека од есенва ќе започна втората фаза од проектот Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој (Си Ре Ра) со дополнителна инвестиција од околу шест милиони швајцарски франци.

Швајцарската амбасадорка во земјава Сибил Зутер Техада истакна дека рамномерниот регионален развој е клучен за сите граѓани и додаде дека е речиси невозможно правилно да се спроведе без потребните податоци што треба да ги имаат креаторите на политиките, а во исто време значат и зголемена транспарентност и поголема координираност меѓу институциите.

-Владата го препозна значењето на имањето на таков ИТ систем и помогна во неговиот развој. Токму дигитализацијата е нов клучен приоритет во Програмата за соработка од 2021 до 2024 година меѓу нашите две земји за постигнување рамномерен регионален развој. Дигитализацијата ќе овозможи да има потранспарентни демократски институции и ќе ги намали бирократските бариери и корупцијата и воедно ќе овозможи достоинствен животен стандард за сите граѓани во земјата, рече Зутер Техада.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ