• Latest

Преку сексуалното образование до нова фаза на цивилизираност

May 22, 2021

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Преку сексуалното образование до нова фаза на цивилизираност

Што е всушност сексуалното образование и дали е потребно како предмет во училиштата, кога веќе едногласно се согласуваме дека на нашето општество му треба широка дебата за образовниот систем на национално ниво?

May 22, 2021 08:36
in АНАЛИЗИ, ОБРАЗОВАНИЕ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЛАТИФ МУСТАФА

Во последно време, можеби не на многу сериозно и елаборирано ниво, се разговара за вклучувањето на сексуалното образование во наставната програма. Но, бидејќи во оваа белешка се спомнува зборот „секс“, како општество со квази-конзервативен начин на размислување, имаме тенденција да реагираме и да ја манифестираме нашата хистерија за нашите светогледи за сексот и моралот.

Во овој контекст, квази-конзервативните општества, кои сметаат дека конзервативизмот е условен и контекстуален, поради јавното мислење се изразуваат а приори верувања дека сексуалното образование се однесува на перверзија. Што е всушност сексуалното образование и дали е потребно како предмет во училиштата, кога веќе едногласно се согласуваме дека на нашето општество му треба широка дебата за образовниот систем на национално ниво?

Политичко образование

Сексуално образование е предмет којшто, пред сè, има врска со политичкото образование. Суштината на политичкото образование е во врска со политичките права, посветеноста, етиката и одговорностите на поединецот спрема другиот и кон општеството кое избира да се самоорганизира преку концепт на држава. Најблагородниот потфат на едно општество е да го отелотвори концептот на инклузивна држава преку инклузивна и еднаква моќ, без оглед на полот, сексуалната ориентација, етничката припадност, националноста и расата. Како такво, сексуалното образование ја учи и стимулира родовата еднаквост како неопходен политички концепт за нормално функционирање и создавање на општествена благосостојба.

Телото како крајна реалност

Во индивидуалниот светоглед, сексуалното образование ја промовира идејата за деконструкција на телото како крајна реалност. Не е телото тоа што ја создава нашата општествена супериорност, дотолку повеќе што го разголува менталитетот на телесна супериорност, што е во суштина расна. Предметот сексуално образование ги разголува и бледнее фетишите создадени врз женската фантазија како објективизација на нејзиното тело. Надвор од телото човекот поседува многу други вредности и телото не е ниту крајна ниту примарна реалност.

Деконструирање на машката супериорност

Не само во нашите општества, туку и на глобално ниво преовладува дискурсот за супериорност кај мажите, што е производ на патријархалниот и мачоистички менталитет, во кој жената се гледа како послаб телесен објект и исто така ја смета за суштество со различна „природа“. Овој дискурс има врска со отуѓувањето на жената како човечко суштество кое „лесно“ ja голта метафизичката моќ што дури успева да го напика и „ѓаволот во шише“. Овој начин на размислување е надополнет од тежок и слоен историски комплекс со различни наративи дека жената е емотивна, доживува посилно, понекогаш е слабо суштество, а некогаш болно суштество и како такво, мора да се покори. Како што мажот доминира со природата во светот, така мора да ја доминира и жената. Замислете, во нашата секојдневна лексика, кога велиме „еден човек чека на врата“ а приори значи дека тоа се работи за маж. Со еден збор, човекот е синоним за маж. Жена е синоним само за жена.

Сексуалното образование не е неморал

Често, како општество, имаме тенденција да мислиме дека сексуалното образование е поврзано со перверзија и неморал. Всушност, тоа е последното нешто што може да се претвори во перверзија. Поточно, ние сме преплавени од други социјални перверзии, почнувајќи од идеологија до пипалата на политичкиот систем, кои преку биополитиката се обидуваат да создадат одредени обрасци за едноумие. Сексуалното образование, повеќе од сексот како процес, ги покрива и здравствените последици и последиците од раните и незаштитени односи, потенцијалните трауми и последиците на социјално ниво. Овој предмет, доколку го предаваат стручни и одговорни луѓе, ќе создаде нов општествен морал, каде што девојките или жените ќе бидат поместени од епицентарот на таргетирање како неморално суштество. Овој предмет ќе нè научи дека моралот не е толку едноставен за да се спушти на нивото на човечки сексуални односи. Со други зборови, моралот не е само помеѓу женските нозе, туку и помеѓу вилиците и нозете на мажот.

Семејната дебата за секс

Сексуалното образование исто така ќе поттикне дебата и внатре во во семејствата. Откако учениците ќе се соочат со новите концепти, тие ќе започнат да ги водат овие дискусии и во семејните средини и така ќе ги „принудат“ родителите да се отворат и да разговараат во еден поопуштен амбиент за теми што некогаш ги сметале за „забранети“. Разговорите се секогаш ослободувачки. Со текот на времето, ако овој предмет се предава на најдобар можен начин, како општество ќе се ослободиме од „руменилото“ кога ќе се спомене сексот. Мишел Фуко велеше дека „заруменувањето“ по повод спомнување на сексот е показател за голема желба да се зборува за секс. Кога како семејство и општество ќе стигнеме до таа точка кога дури и разговорите за секс нема да не импресионираат, дури тогаш верувам дека ќе влеземе во нова фаза на цивилизираност.

Спасот на Ерос и потчинувањето на другиот

Предметот сексуално образование исто така ќе нè научи за човечкото его, кое всушност сака да изгради однос со другата страна преку покорување. Проектирањето и перцепцијата на „другиот“ како слаб, не воспоставува однос на хармонија и љубов со другиот, туку однос на моќ и инструментализација. Ослободувањето од диктатурата на телото, односно од фетишистичкиот наратив што го имаме за телото, исто така, ќе даде шанса за љубов што е натприродна. Предметот сексуално образование, пред сè, ќе нè научи како да се перципираме себеси, да го сакаме другиот и да го сакаме во неговата слобода.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ