Финската влада соопшти дека премиерката на Финска, Сана Марин е негативна на тестот за дрога, кој следеше откако во јавноста се појавија повеќе видеа на кои се глада како танцува со повеќе мажи, пее и пие на забава.
Финската премиерка се согласи да направи тест за дрога откако нејзиното однесување наиде на осуда од голем број политичари во Финска, кои видеата ги оценија како несоодветни и ја повикаа Марин да направи тест за наркотици
Таа рече дека никогаш не зела дрога и негираше дека правела нешто нелегално на забавата. Марин призна дека пиела алкохол.
Премиерката самата си ги платила трошоците за тестот.
На интернет се појави видео како таа се забавува со пријатели, вклучувајќи и финска поп ѕвезда, па доби критики од политичари, како и барање да направи тест за дрога.
Во знак на поддршка на Марин, на социјалните мрежи изминатава недела жени од цел свет објавуваа видеа на кои танцуваат, тверкаат со задниците и се забавуваат.
Love it! Danish women are posting videos of themselves partying while tagging Finnish Prime Minister Sanna Marin.
To show “Solidarity with Sanna” pic.twitter.com/8gsUTuROLJ
— Very Finnish Problems (@VFinnishProbs) August 20, 2022
Претходно месецов, Марин беше прогласена за „најкул премиер во светот“ од страна на германскиот весник Билд.
М.Д.