Премиерот Зоран Заев денеска аплицирал за подигнување на нов дипломатски пасош со името „Република Северна Македонија“.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денес до службите упати писмено барање за издавање дипломатски пасош, изјавија од Владата за „Слободен печат“.
Заев во интервју за ТВ21 во петокот, најави дека тој во понеделник сабајле ќе го земе првиот пасош со „Република Северна Македонија“.
„Тоа се подготвени документи, министерот за внатрешни работи ми ги презентираше во вторникот на Владата и буквално, од петок ќе почне реализацијата. Еве уште едно ново исполнување од наша страна на Преспанскиот договор“, истакна Заев за ТВ21.












