• Latest

Преписка со еден наш политичар

August 23, 2020

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Преписка со еден наш политичар

Ве молам, напишете една колумна за тоа колку бев корисен за прогресот на Северна Македонија, дека направив сѐ, да воспоставам што е можно поостар контраст меѓу напредокот и пропаѓањето, меѓу мирот и насилството, меѓу разумот и глупоста... (Писмото е измислено, ова е козерија!)

August 23, 2020 11:21
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Сум добил подолга порака од еден наш познат политичар. Деновиве, користам неколку слободни денови (што ги немам) за одмор, па не ги проверувам редовно ни вестите, камоли пораките, а најмалку сум на Фејсбук и Твитер, освен да објавам некоја фотка од зајдисонце, па така, ви ја пренесувам оваа порака со мало задоцнување.

Здраво. Треба да разговараме.

Ви го пишувам ова писмо во надеж дека ќе ми помогнете, бидејќи цврсто верувам дека заслужувам да добијам дури и Ваша поддршка и препорака да ја спасам својата функција во партијата.

Ви се обраќам не од очај, туку и затоа што, на некој чуден начин, отсекогаш сте ми биле симпатичен. Дури, еднаш кога случајно се сретнавме на еден прием кај еден амбасадор, покрај базенчето, добив желба да Ве фрлам во него, онака на шега, другарски. Дури и јас посакав да се фрлам, да не ме сфатите погрешно. Арно ама, Вие ми го свртивте грбот, без збор и со студен израз на лицето, па така ја пропуштив шансата да си поиграме во водата, онака неформално. Не да Ве удавам, само онака, на шега.

Во таа прилика дури и се обидов да се насмевнам, но знаете колку тешко ми оди тоа, поради моите мрачни погледи на светот и реалноста. Сево ова искрено Ви го пишувам, во надеж дека ќе ми помогнете.

Да не должам. Убеден сум дека заслужувам да останам на функција после сите добрини што ги направив во корист на прогресивните сили во нашето општество, а на штета на мојата партија.

Што не направив? Се опкружив со баба роги и ги повторував нивните небулози, тресев зелени без мерка, правев штети на сите страни, ама така постапував, да може и мало дете да сфати дека се работи за незрелост и деструкција. Знаете, секоја стока има свој купувач, па така е и во светот на политиката, за секакви политичари има публика и следбеници.

Па погледнете само какви луѓе назначив во пржинската влада – прекрасни потсетници на режимот, да не дојде до забуна, да се знае што ќе се случи ако дојдеме на власт. Тука треба да го ставам мојот омилен интерпункциски знак – извичник! Сакам и смајли да ставам, ама не ми оди некако…

И сега, кога сите во партијата ми се нафрлија, да ме растргнат на најситни парчиња, дури и СДСМ се приклучи кон повиците за моја оставка. Морам да се бранам. За среќа, во партијата имам и такви ликови, како онаа пратеничката што на Телеграм пишуваше молби за моја одбрана на Фејсбук. Ама без ефект. Мојот пад е неминовен. Но јас сакам да бидете фер и да ми помогнете!

Сетете се само каков циркус направив за време на епидемијата од коронавирусот. И јас и мојот министер за внатрешни работи. Па тие урнебесни акробации на министерката за труд и социјала. Ако се сеќавате, око не ми трепна, што би рекол почитуваниот Црвенковски, кога премиерот ја отпушти од работното место – техничка министерка. Добро, организирав неколку луѓе за селфи поддршка, па така со неа се сликаше и мојот омилен воен злосторник. Ама толку. Не мрднав со прст после тоа. Дури и се дистанцирав од неа, иако во јавноста изгледаше како таа да се натпреварува со мене. Смешно е тоа тврдење, таа нема шанси со мене и со мојата харизма.

Видете, мислам дека не сум заслужил, по сѐ што направив за Зоран Заев, деновиве дури и СДСМ да побара моја оставка. Не е фер!

Можеби многумина сакаат да бидат како Зоран Заев, но веројатно токму јас сум тој што најмногу сака да биде Зоран Заев. Велат, опседнат сум бил со него, го спомнувам при секој говор по најмалку 15 пати. Но тоа е сосема нормално, кога човек е опседнат, зарем не?

Што можете да направите за мене? Имам желба, за која се надевам дека ќе ми ја исполните, а со тоа ќе ми помогнете да останам на мојата партиска функција.

Ве молам, напишете една колумна за тоа колку бев корисен за прогресот на Северна Македонија, дека направив сѐ, да воспоставам што е можно поостар контраст меѓу напредокот и пропаѓањето, меѓу мирот и насилството, меѓу разумот и глупоста.

Странците веќе не ме пуштаат ни до капијата на амбасадите да се приближам, па Ваш добар збор за мене и таму добро ќе ми дојде. Тоа особено ќе ми послужи во случај да бидам принуден да заминам од земјава, кај мојот ментор или во некоја друга држава. Ако заминам, сакам да го поминам остатокот од својот живот, користејќи ја скромната заштеда од мојот досегашен труд како газда на хидроцентралите што ми ги овозможи мојот ментор во замена за глупавите совети што му ги давав. Всушност, тоа беа негови идеи, јас само нишкав со главата…

Ако заминам, ветувам дека ќе пишувам само по некој Фејсбук статус во стилот на мојот ментор, само помрачни и понервозни. Иако слепо го следам, не би ставал смајли на тие објави, тоа не ѝ доликува на мојата мрачна природа.

Видете, имам уште една желба, доколку не заминам од земјава и останам на функција, со Ваша помош. Би бил пресреќен кога Зоран Заев, онака како што имаше доблест и самиот му ги понуди последните 100 дена премиерско место на ДУИ, може мене еден продолжен викенд да ми даде да бидам премиер. Некој споен, за 2 август или Голема Богордица, 8 Септември, така нешто… Ништо нема да ме направи посреќен. Ако Зоран Заев ми даде еден викенд да бидам премиер секој мандат, нема проблем, ќе ја држам мојата партија во опозиција колку што сака години. Напишете збор-два за оваа добра и демократска идеја во Вашата колумна.

Толку имав за сега. Се надевам дека ќе ми простите што не сум Ви одговорил на повеќе од 50-60 јавни прашања што ми ги поставивте мене и на мојата партија, така ќе остане и во иднина. Знаете, тоа е стил на нашата партија и на сите партии што сме ги формирале, како онаа што доби двајца пратеници, на пример. Немојте да ми замерите, Ве молам. Напротив, Ве молам да ми помогнете!

Извинете што Ви одземам од Вашето драгоцено време, куририте ми кажаа дека користите одмор, но ова е прашање што не може да чека.

Искрено Ваш,

„!“

Го прочитав писмото со должно внимание, па одговорив:

Почитуван „!“

Јас не сум политичар, а уште помалку мислам дека имам право да се мешам во внатрепартиски работи. Искрено, мислам дека навистина многу работи направивте во корист на политичките опоненти кои сега се на власт, а сето тоа на штета на сопствената партија, но тоа е Ваша работа и ни оддалеку не сте единствениот во тоа. И не го направивте тоа намерно, туку едноставно – такви сте. Вистински голем проблем е тоа што сѐ што направивте беше и на штета на националните интереси на целата земја, а беше насочено и против јавното здравје.

Сепак, морам да признам, не сте само Вие виновни. Голема штета е што има толку многу луѓе кои Вас и таквите како Вас ве сфаќаат сериозно и ве следат. Лагите, злобата и поделбите што ги посеавте уште долго ќе го попречуваат развојот на демократијата и европскиот пат на земјата. За среќа, само ќе пречите, и тоа сѐ помалку, но нема и да го сопрете напредокот.

Жал ми е, и да сакам, не можам да Ви помогнам ниту Вам, ниту на оние околу Вас, а најмалку на тие што ве следат.

Збогум.

 

ПС. Иако се работи за козерија, сметав дека е потребно да се прочитаат овие неколку пораки, односно потсетници. 

 


илустрација: Spray paint; space; galaxy; painting “Nebulosis” by David Cray

Share42Tweet27Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ