е информираме дека директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, денеска (петок, 22.05.2020 година) со почеток во 12:00 часот, ќе одржи прес-конференција.
На оваа прес-конференција ќе бидат презентирани резултатите од Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој. Во рамките на прес-конференцијата ќе биде претставен и дел од завршената анализа на работењето на компаниите корисници на средства на ФИТР.
Јавниот повик кој е наменет за финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи (ПЗУ) беше објавен пред кризата, поради што Фондот донесе одлука да им овозможи на апликантите да ги прилагодат доставените инвестициски планови со цел средствата да се наменат за економско заздравување на домашните компании.