Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција изјави дека двајцата заболени од коронавирусот во Дебар се сопружници на 62 и 67-годишна возраст. Тие се вратиле од Бреша, Северна Италија на 27 февруари.
– Патници од автобусот со кој тие патувале се симнувале во Скопје, Куманово и Дебар. Патниците тогаш немале симптоми, а со лесни симптоми се јавиле на 2 март, вели Филипче.
Филипче соопшти дека сопружниците имале контакт само со братот на жената заразена со коронавирусот, а во автобусот со нив имало 40-тина патници.
Министерот изјави дека МВР ги идентификувале останатите патници, кои се интервјуираат за дали е потребна изолација.