Што може да очекуваат граѓанките и граѓаните од претстојниот изборен процес во Република Северна Македонија? Кои се првите наоди од долгорочниот мониторинг на ЦИВИЛ во контекст на предвремените парламентарни избори? Кој е ставот на ЦИВИЛ за промената на изборниот модел во една изборна единица? Кои сѐ препораки се испорачани од меѓународната заедница и од домашните организации, а што од тоа (не) е исполнето? Дали воопшто ни требаат предвремени парламентарни избори? Ако се потребни, кога треба да се одржат? Како ЦИВИЛ го набљудува и овој изборен процес?
Ова се дел од прашањата на кои ЦИВИЛ ќе се обиде да даде одговор на утрешната прес конференција (четврток, 19 декември) во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 12 часот.
Воедно, на прес конференцијата, ЦИВИЛ ќе сподели и повеќе детали за настанот „Жртвите на режимот – сеќавања и слики“ што ќе се одржи в сабота, на 21 декември. Доббредојдени се и други прашања за кои организацијата има одговор.
Како и секогаш, освен медиумите, прес конференцијата е отворена и за сите заинтересирани граѓанки и граѓани.