Реза Пахлави, најстариот син на последниот шах на Иран и престолонаследник, ги повика иранските граѓани да го „вратат Иран“ во видео изјава, која ја објави на социјалните мрежи.
Исламската Република дојде до својот крај и се урива. Она што започна е неповратно. Иднината е светла и заедно ќе ја свртиме страницата на историјата. Сега е време да се кренеме; време е да го вратиме Иран. Може да бидам со вас наскоро, напиша Пахлави на Х.
My Fellow Countrymen,
The Islamic Republic has reached its end and is in the process of collapsing. Khamenei, like a frightened rat, has gone into hiding underground and has lost control of the situation. What has begun is irreversible. The future is bright, and together, we… https://t.co/XEyL5IM05t
— Reza Pahlavi (@PahlaviReza) June 17, 2025
Обраќајќи им се на иранските граѓани со мои сограѓани, Пахлави вели дека Исламската Република го достигна својот крај и е во процес на уривање. Хамнеи, како исплашен стаорец, се криеше под земја и ја изгуби контролата врз ситуацијата.
Според Пахлави, она што започна е неповратно, иднината е светла и заедно ќе го поминат овој остар пресврт во историјата.
Во овие тешки денови, моето срце е со сите беспомошни граѓани кои беа повредени и станаа жртви на военото поттикнување и заблудите на Хамнеи. Со години се обидував да спречам нашата татковина да биде проголтана од огнот на војната, вели Реза. Крајот на Исламската Република е крај на нејзината 46-годишна војна против иранската нација.
Апаратот на репресија на режимот се распаѓа. Сега е потребно само национално востание за да се стави крај на овој кошмар еднаш засекогаш.
Сега е време да се кренеме; време да го вратиме Иран. Да истапиме сите – од Бандар Абас до Бандар Анзали, од Шираз до Исфахан, од Тебриз до Захедан, од Машхад до Ахваз, од Шахр-е Корд до Керманшах – и да го донесеме крајот на овој режим., повика наследникот на иранскиот престол.
Тој им порачува на Иранците да не се плашат од денот по падот на Исламската Република. Иран нема да западне во граѓанска војна или нестабилност, има план за иднината на Иран и неговиот процут. Реза вели дека се подготвени за првите сто дена по падот, за транзицискиот период и за воспоставување национална и демократска влада – од страна на иранскиот народ и за иранскиот народ.
Се обрати и до војската, органите за спроведување на законот, безбедносните сили и државните службеници – од кои многумина му испраќалеа пораки во последните денови – велејќи:
Не застанувајте против иранскиот народ заради режим чиј пад започна и е неизбежен. Не жртвувајте се за режим во распаѓање. Стоејќи со народот, можете да ги спасите своите животи. Играјте историска улога во транзицијата од Исламската Република и учествувајте во градењето на иднината на Иран.
Слободен и просперитетен Иран е пред нас. Да бидеме наскоро заедно, вели на крајот од обраќањето наследникот Реза Пахлави, завршувајќи со пораките Да живее Иран! Да живее иранската нација!
Д. Мишев