• Latest

Пресудата за „Таргет- Тврдина“ без Бошковски и Грујевски кои добија азил во Грција

February 26, 2021

📅 САД-Иран-Израел, од преговори до бомбардирање: Хронологија на настаните, 12 април – 22 јуни

June 22, 2025

Трамп: Фордо го нема – од „прозорец за дипломатијата“ до бомбардирање – за 48 часа

June 22, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите на починатите деца побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

June 21, 2025

„Ограничена мобилност“ – уметничка акција што ги открива секојдневните предизвици на лицата со попреченост во Скопје

June 21, 2025
Hungry child in Gaza - Image by Anadolu Agency

УНИЦЕФ: Кризата со горивото ја продлабочува секојдневната борба за семејствата, доколку не се прекине блокадата на горивата во Газа, децата ќе умираат од жед

June 21, 2025
Бранко Тричковски

Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

June 21, 2025

Турските влечни хаубици БОРАН испорачани во Македонија

June 21, 2025

Седум новинари осудени во најновата шокантна акција против слободата на говорот во Азербејџан; Амнести интернешнл ја повика меѓународната заедница да извршои притисок врз азербејџанските власти

June 21, 2025

САД го зголемува воздушното присуство околу Блискиот Исток како припрема за евентуално вклучување во израелско-иранскиот конфликт

June 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Пресудата за „Таргет- Тврдина“ без Бошковски и Грујевски кои добија азил во Грција

February 26, 2021 09:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој иако три дена беше недостапен, денеска, сепак, во Северна Македонија ќе ја чуе пресудата за „Таргет- Тврдина“, за разлика од Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои за одлуката на судот ќе дознаат додека се наоѓаат стотици километри јужно од границата, односно во Грција каде што побегнаа за да избегнат притвор, но и веќе добија азил, јави дописничката на МИА од Атина.

На екс- началникот на Петтата управа Горан Грујевски и неговиот соработник Никола Бошковски кон средината на јули 2017 година им беше одредена мерка притвор во предметот „Таргет-Тврдина“, но откако полицијата не успеа да ги пронајде на 26 јули, беше распишана и потерница.

„Злосторничко здружување“, „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Фалсификување службена исправа“ се делата за кои се бараше Грујевски додека Бошкоски за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Фалсификување службена исправа“.

Три месеци им се загуби трагата и никој не знаеше каде се наоѓаат, кога на 18 октомври истата година, беа уапсени во Солун, но не поради потерницата, туку поради фалсификуваните пасоши, по што се одмота клопчето, се откри нивниот вистински идентитет, се одржаа повеќе рочишта во Солун и Атина, за грчкиот Врховен суд во мај 2018 година да го отфрли македонското барање и да не дозволи екстрадиција.

Дописничката на МИА анализира, како Горан Грујевски и неговиот соработник Никола Бошковски од апсењето во Солун, стигнаа до азил и слободно движење во Грција.

Во вечерните часови на 18 октомври 2017 година на солунскиот аеродром, при пасошка контрола, била уапсени група од неколку лица, повеќето мигранти од Блискиот Исток, но и двајца кои со фалсификувани бугарски пасоши се обиделе да заминат од Грција. При дополнителната истрага грчките полицајци откриле дека се работи за лица по кои е издадена меѓународна потерница, односно за Грујевски и Бошковски.

-Од полицајците од секторот за безбедност на меѓународниот аеродром во Солун, вчера (18.10.2017) беа уапсени двајца странци на 51 и 35 годишна возраст кои беа фатени со фалсификувани патнички исправи. Од понатамошната истрага на полицијата произлезе дека за нив била издадена црвена потерница од Интерпол за кривични дела формирање криминална организација и за кривични дела со висока технологија извршени во ФИРОМ. Уапсените беа изведени пред надлежните обвинители, пишуваше во билтенот на грчката полиција за апсењето на Грујевски и Бошковски.

Во однос на тоа кога и како влегле во Грција, извори од грчката полиција тогаш објаснија дека од моментот кога постои меѓународна потерница и лицата се уапсени, тогаш случајот од полицијата оди во рацете на судовите, и не се спроведува дополнителна истрага.

Следниот ден по апсењето беа изведени пред двајца обвинители, едниот за фалсификуваните патни исправи, а другиот по издадената меѓународна потерница.

Пред обвинителот надлежен за екстрадиции, според тогашните информации, рекле дека се високи службеници на техничката служба во Министерството за внатрешни работи, ги негирале обвинувањата, потенцирале дека не сакаат да бидат екстрадирани во нивната земја, бидејќи се плашат за нивните животи, а рекле дека станува збор за политичко гонење.

Токму поради овој исказ, по искуството од минатото со слични случаи, но и за да го забават процесот на екстрадиција, добро упатените во вакви случаи, тогаш коментираа дека не е исклучена можноста во следниот период да достават и барање за азил, нешто еден месец подоцна се потврди и во пракса.

Во конкретниот случај со двајцата уапсени, во Грција се постапуваше по два различни и меѓусебно неповрзани процеси. Едниот за фалсификуваните пасоши за кои надлежен беше судот за прекршоци, другиот процес за кој првично одлучуваше Совет на судии беше по издадената потерница од Интерпол, кој започна откако од нашата земја беа доставени документите, заедно со барањето за екстрадиција.

На првото рочиште за фалсификуваните пасоши на 20 октомври 2017 година, кое беше одложено поради тоа што не беше обезбеден преведувач, Грујевски и Бошковски се појавија со капчиња и качулки од јакните, во обид да ги скријат нивните лица од фотографите.

Истиот проблем со преведувач беше причината да се одложи и второто рочиште, додека пак третото и последно за 2017 година не се одржа бидејќи беше отсутен еден од групата обвинети, бидејќи за фалсификуваните патни исправи грчкиот суд носи одлука за целата група која што беше уапсена на солунскиот аеродром, Грујевски, Бошковски и уште четири- пет мигранти.

По неколку одложувања и поради рочиштата за екстрадицијата, судењето за фалсификуваните патни исправи се одржа во втората половина на 2018 година.

Во меѓувреме, Грујевски и Бошковски од полицискиот одделот за трансфер на приведени и уапсени лица во Солун, беа пренесени во затворот „Диавата“ во близина на Солун.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ