• Latest

Претепано дете, омраза, насилство, расизам, дискриминација… во кочанско „Трајаново Трло“

April 13, 2021

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Претепано дете, омраза, насилство, расизам, дискриминација… во кочанско „Трајаново Трло“

April 13, 2021 17:05
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Жители од кочанската населба „Трајаново трло“ претепале 10 годишно дете (Ромче) за наводна кражба (не се знае што е украдено). Веднаш по настанот на одредени портали осамна информација дека на 11 април, оваа година, околу 21 часот дошло до физичка пресметка меѓу жители на населбата „Трајаново Трло“ во Кочани и група крадци – Роми, при што неколку лица се здобиле со телесни повреди. Но, ниту еден од тие медиуми не ја спомна снимката со тепањето дете и зошто всушност дошло до физичка пресметка.

На снимката која е објавена на социјалните мрежи се гледа како жителите на „Трајаново Трло“ физички малтретираат малолетно 10 годишно дете кое наводно го фатиле во кражба. Се слуша и како детето плачејќи ги моли да го однесат кај мајка му, но наместо тоа, тој добива клоци, шамари и тупаници…

https://www.youtube.com/watch?v=04TkZ0Ia5Ok

Инаку, овој инцидент се случува откако пред само неколку дена жителите од „Трајаново Трло“ на протестот против изградба на типски куќи на социјално загрозени семејства, истакнаа транспарент „Само преку нас мртви“, нагласувајќи дека нема да дозволат до нив да се изгради нова населба која ќе биде населена со Роми.

ЦИВИЛ најостро го осудува ова однесување на политички и други структури во земјава, особено ова што се случува во општина Кочани е изблик на еден краен расизам и националистичко дивеење кое едноставно мора да престане. ЦИВИЛ бара од институциите веднаш да го расчистат случајот и секој што е инволвиран да добие соодветна казна.

„Институциите мора веднаш да преземат најостри и итни мерки да ги санкционираат организаторите и поттикнувачите на ваквото однесување. А тие што малтретираат деца на таков брутален начин како што видовме на снимката, мора да бидат земени на одговорност. Ваквото однесување во целата земја, а така и во општина Кочани, мора да престане! Сите институции како и граѓанското општество мора да преземат итни мерки да го санкционираат, односно да го отфрлат ваквото однесување. Ја повикуваме јавноста да го осуди ваквиот чин на брутално однесување кон децата, а секако да ги осуди и сите изрази на расизам и екстремен национализам во земјата“, истакна Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

Од МВР го потврдија случајот во Трајаново Трло и велат дека сè уште се работи.

„На 11.04.2021 во 20.40 часот во Полициската станица Кочани, М.И.(43) од Кочани пријавила дека во место викано „Трајаново трло“ во Кочани, пред нејзината куќа, поголема група на граѓани физички ги нападнале нејзините роднини и соседи. Од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани известен е Јавен обвинител и извршен е увид на местото на настанот. По добиени насоки од Јавен обвинител се преземаат мерки за идентификација и повикување на разговор на сите учесници во настанот. Се работи на целосно комплетирање и документирање на случајот по што против учесниците во физичката пресметка ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР за ЦИВИЛ Медиа.

Од Основното јавно обвинителство Кочани за ЦИВИЛ Медиа изјавиле дека Јавен обвинител заедно со екипи на МВР синоќа излезе на терен во местото Трајаново Трло, при што се вршеше препознавање на лица инволвирани во инцидентите, обезбедување траги и разговори со сведоци на настанот.

„Издадени се повеќе наредби и насоки по кои се постапува со цел прецизно да се утврди фактичката состојба и кривичната одговорност, односно настанот да се расчисти во целост. За инцидентот со детето од видеото кое го доставувате во прилог, како еден аспект од целокупните случувања во кочанско Трајаново Трло синоќа, ќе биде поведена посебна постапка“, велат од ОЈО за ЦИВИЛ Медиа.

Од градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, до овој момент не добивме никаков одговор во врска со случувањата во Трајаново Трло.

Одговор не добивме ниту од Министерството за труд и социјална политика, како ќе постапат во однос на овој случај.

Советникот за инклузија на Ромите во Владата на РСМ, Елвис Мемети, го посети семејството, односно биолошката мајка на претепаниот малолетник, Селиха Алиова во Кочани. Тој додава дека малолетното лице иако од Центарот за социјални работи е однесен во згрижувачкото семејство во Шуто Оризари, сепак во моментот на вчерашната посета сè уште не беше лоциран точно каде се наоѓа. Згрижувачкото семејство има  одговорност детето да го однесе во болница и да се констатираат повредите.

„Видеото од претепувањето на малолетникот е испратено и до Министерство за внатрешни работи за сајбер криминал. Се работи на целосно комплетирање и документирање на случајот по што против сите учесници во физичката пресметка ќе биде поднесена соодветна пријава и очекуваме дека лицата ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Адвокатот Срџан Амет ќе го води овој случај и детето мора да биде лоцирано точно каде се наоѓа во моментот. Целта е малолетникот да биде однесен во болница, да се извади лекарско уверение со полномоштвото кое што го има адвокатот од биолошката мајка. Исто така, преку друга постапка потребно е да се одземе правото на згрижувачкото семејство за да може да се лоцира во друго згрижувачко семејство или институција или СОС Детско село заради поадекватна социјализација и работа со малолетникот.

Во однос на политичката димензија на проблемот. Разрешница мора да има. Затоа што ниската свест на било која страна особено на лошиот пример од населението, со чесни исклучоци, од месноста Трајаново Трло ќе мора да се најде начин да се подигне културната свест, бидејќи институциите (ЦСР и Агенцијата за вработување) системски ќе работат со овие семејства за социјална интеграција заедно со пакетот на социјално домување во таканаречени типски куќи. Отпорот и претепувањето на малолетникот никако не смее да се повтори, тоа е чин против секаков разумен дијалог и решение. И индивидуалната одговорност на возрасните лица кои што ја земаат правдата во свои раце ќе биде лоцирана и ќе се покрене кривична постапка. Политички одговорните субјекти од опозицијата заедно со подржувачите од Ромската заедница кои се лојални на нив, се повикуваат на конструктивност и прогресивност затоа што овој проблем не е решен 20 години наназад.

Во однос на одредени портали кои шират дезинформации и несоодветно информирање потикнувајќи го говорот на омраза ќе биде покрената преставка затоа што е нарушен етичкиот кодекс и професионалното информирање. И истите записи и новинари треба да бидат дел од јавниот ѕид на срамот и посочени кон општата јавност и меѓународната заедница. Затоа што слободата на инфомирање и јавност е загрозена преку таков тип на говор на омраза и однапред лоцирање на идентитетот на криминалот. Криминалот нема етнички предзнак“, вели Мемети.

фото: Елвис Мемети

Здружението на правници Роми од Скопје, вчера во Кочани го документираше случајот.

„Здружение на правници Роми, ќе поднесе поднесе кривична пријава против непознат сторител за кој што според кривичниот законик за малтретирање и претепување на малолетник следи затворска казна од минимум 4 години. Здружението на правници Роми најостро ги осудува физичните напади врз малолетни лица мотивирани од предрасуди со етничка димензија, вклучително и овој случај каде 10 годишно дете е жртва на насилство и на кој што му е потребна итна психо-социјална поддршка и ресоцијализација се цел нормално функционирање и правилен развој. Бараме итно расветлување и разрешница на случајот од надлежните институции“, велат од Здружението на правници Роми.

Мрежата за застапување за системски и трајни решенија го осуди настанот и ги повика институциите да постапат по допрен глас и веднаш да реагираат и соодветно да постапат заради физичко и друг вид на малтретирање на малолетното дете.

„Повикуваме на брзо разрешување на случаевите и спречување на поголеми инциденти и нарушување на меѓуетничката нетрпеливост. Ги повикуваме надлежните правосудни органи, веднаш и во целост правилно, брзо и без предрасуди да го спроведат Законот без разлика на инволвираните во грозоморниот настан во погоре наведеното место“, велат од таму.

Членките на Мрежата за застапување за системски и трјни решенија за интеграција на Ромите од Република Северна Македонија се: Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје; Здружение на правата на Ромите – Штип; Здружение Ромски деловен информативен центар на Македонија – ЗРДИЦМ – Скопје; Национален ромски центар – НРЦ – Куманово; Организација на жени Штип; Рома Прогрес Скопје; Ромска органзиација на жените на Македонија – Даја – Куманово; Ромска Солза – Прилеп; Ромски едукативен центар Амбрела – Скопје; Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите Месечина – Гостивар и Центар за Развој на Ромската Заедница “Баирска Светлина” – Битола.

Советник на ВМРО – ДПМНЕ од Кочани, Венко Крстевски, како реакција за случувањата од „Трајаново трло“ наместо да смирува, тој потикнува раздор, омраза и насилство кон Ромите, односно на својот Фејсбук профил објавил „Око за око, заб за заб“.

„Прашање на време беше кога ќе ескалира ситуацијата во Трајаново трло, најголема одговорност имаат институциите кои очигледно затајуваат во извршување на својата работа.

Како член на Советот на Општина Кочани на првата наредна седница ќе поднесам неколку предлога и тоа:

  1. Да се направи ревизија на куќите на улица 204 и сите дивоградби да се срушат во најбрз можен законски рок.
  2. Зголемување на буџетот за рушење на дивоградби во општина Кочани.
  3. Ревизија на потрошувачите на вода во Кочани, бидејќи имам информации дека во куќите околу фабриката за вода на никој не им се доставува сметки главна причина за големите загуби на вода во КЈП Водовод и високите цени кој ги плаќаат поштените сограѓани.

Доколку нема адеквата реакција од МВР за вчерашниот обид за убиство исто и за сите обиди за грабеж (вчера се фатени три лица во обид за грабеж) за очекување е дека наскоро може да има жртви…“, пишува Крстевски, советникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мустафа Саидов, жител од Кочани на својот Фејсбук профил пишува дека овој немил настан е плод на националистичките пораки.

„Случајно или не, градоначалникот најавува изградба на бараките за станарите од касарна… и тука излишни и националистички коментари колку сакаш. Потенцирам, станарите во старата касарна се 95% жители на Кочани и секој егзистира со една социјална помош… тие кои во последно време се вработија се иселија во свои куќи.

Повторно штрајк, поради страв од масовни кражби, населението од Трајаново трло, организирани, со пораки за смрт го бранат местото, за да не се градат тие бараки… очигледно дека ситуацијата е менторирана од некој кој ги знае работите… за овој проект општината ги заврши сите законски постапки за отпочнување.

Ситуацијата ескалира… населението од Трајаново трло фаќа опасен криминалец (дете од асоцијално семејство 10 години – познато и на полицијата и на социјалните служби), при што во наводна самоодбрана 5 возрасни мажи го тепат детето со шамари и клоци. Морбидна, згрозувачка ситуација…“, пишува Саидов.

 

Дехран Муратов

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ