Вчера доцна вечерта, по наредба на судија на претходна постапка, претрес бил извршен и во домот на членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети во Тетово и претрес во службените простории на Советот на јавни обвинители. Мемети важи за близок до ДУИ, и два мандати беше народен правобранител. Тој е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.
Сомнежите се дека Мемети заедно со Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за ексградоначалникот на Ново Село, кој е во притвор, Боро Стојчев.
Се чека потврда од МВР.