• Latest

Претседателката Сиљановска Давкова на аудиенција кај папата Франциск

May 23, 2024
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Претседателката Сиљановска Давкова на аудиенција кај папата Франциск

May 23, 2024 10:30
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск официјално ја почнува неколкудневната посета на Ватикан и Рим во рамки на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.

Како што јавува известувачот на МИА од Рим, Сиљановска Давкова оваа година ја предводи државно-црковната делегација во посета на Рим и Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свeти Кирил“, а денеска претседателката освен аудиенцијата кај папата и традиционалната размена на подароци, ќе се сретне и со државниот секретар на Ватикан, монсињор Пјетро Паролин.

По официјалните средби во Ватикан шефицата на државата ќе даде изјава за медиуми.

На аудиенција кај папата денеска треба да присустува и бугарскиот претседател Румен Радев, но засега, како што велат од кабинетот на Сиљановска Давкова се уште не е потврдено дали двајцата претседатели ќе имаат евентуална средба.

Давкова и Радев оваа година во Рим во различни денови го чествуваат Денот на сесловенскиге просветители. Радев денеска ќе биде во базиликата „Свети Климент“ на литургија за Свети Кирил и во црквата „Санта Марија Маџоре“.

Претседателката Давкова, според агендата утре на 24 Мај ќе го одбележи Денот на сесловенските просветители со посета на базиликата „Свети Климент“ каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Молебенот ќе го водат митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј и митрополитот Европски, Пимен.

Ова е прва официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова, откако победи на претседателските избори на 8 мај. Таа на одбележувањето на 24 Мај ја предводи државно-црковсната делегација, во чиј состав се и заменик-министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италијанската Република, Весел Мемеди, амбасадорката при Светиот Престол, Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.  Делегацијата на МПЦ-ОА ја претставуваат владиците Тимотеј и Пимен, додека Католичката црква ја претставува протојереј ставрофор, Зоран Стојанов.

Tags: Гордана Силјановска-ДавковаПапа ФранцискРимокатоличка црква
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ