По изборот на составот на новата Влада од страна на Собранието на Република Северна Македонија, денеска претседателот Стево Пендаровски го прими премиерот Зоран Заев и членовите на Владата.
Претседателот Пендаровски им честиташе на премиерот и членовите на Владата за нивниот избор, им посака успех и да ја оправдаат довербата којашто ја добија од граѓаните на предвремените парламентарни избори. Истовремено, претседателот Пендаровски посочи дека очекува новиот владин состав успешно да работи на клучните прашања за државата, односно интеграцијата во Европската Унија, борба со корупцијата, зајакнување на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
„Имаме силни агрументи да го убедиме претседателот Стево Пендаровски дека не обединува искрена определба и политичка волја за засилено исполнување на страшетките цели на нашата земја, успешно и ефикансно справување со светската пандемија, нова енергија и решителност во создавање подинамичен економски раст и силни институции со ред, правда и ефикансност, правна држава и владеење на правото, модерно образование, активно членство во НАТО, силна волја за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавја за членство во ЕУ, добри меѓуетнички и меѓусоседски соработки“, истакна премиерот Зоран Заев, во изјава за медиумите.