Претседателот Стево Пендаровски, во придружба на неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска, денеска во Лондон и оддаде последна почит на британската Кралица Елизабета Втора.
– Со сопругата оддадовме почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија, објави Пендаровски на Фејсбук.
Претходно тој се потпиша во Книгата на жалост за Крализацата Елизабета Втора.
Дојдовме во Лондон за да оддадеме последна почит на Кралицата Елизабета Втора, напиша Пендаровски.Голема почит за децениите во служба на народот и за тоа што беше пример за лидерство, скромност и великодушност. Нека почива во мир.
Пендаровски во Лондон утре ќе присуствува на погребот на кралицата во Вестминстерската палата.