• Latest
Фото/ претседателот Стево Пендаровски од неговиот Фејсбук профил

Претседателот Пендаровски во Давос за предизвиците со кои се соочува Западен Балкан

January 19, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Претседателот Пендаровски во Давос за предизвиците со кои се соочува Западен Балкан

January 19, 2023 14:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото/ претседателот Стево Пендаровски од неговиот Фејсбук профил

Фото/ претседателот Стево Пендаровски од неговиот Фејсбук профил

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, денеска учествуваше во дипломатскиот дијалог посветен на Западен Балкан.

Учесниците на сесијата, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и беше посочена потребата за одржување на стабилноста, создавање на услови за поттикнување на економскиот раст на државите, и неопходноста за решавање на замрзнатите спорови.

Имајќи го предвид новиот геополитички контекст, лидерите на сесијата ги изнесоа своите ставови околу улогата на Европската Унија на Западен Балкан и разменија и мислења околу можностите за изнаоѓање на нови платформи за промовирање на дијалогот и јакнење на меѓународните партнерства.

Покрај претседателот Пендаровски на панелот посветен на Западен Балкан учествуваа и српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Албанија, Хрватска, Косово и Црна Гора, сојузниот министер за европски и меѓународни прашања на Австрија, Александер Шаленберг, чешкиот министер за европски прашања, Микулаш Бек, министерката за надворешни работи и вицепремиерка  на Словенија, Тања Фајон, претседавачката со Советот на министри на БиХ,  Борјана Кришто,  директорот на француската дирекција за надворешна безбедност, Бернар Емие,  специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, федералниот советник за надворешни работи на Швајцарија, Игнацио Касис, како и претставници на УНДП и Европската банка за реконструкција и развој, ЕБРД.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДавосЕвропската УнијаЗападен БалканСтево Пендаровски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result