• Latest

Претставени реформите на здравствениот систем

August 21, 2023
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Претставени реформите на здравствениот систем

August 21, 2023 14:02
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административни процедури за препишување на хронична терапија, на денешниот брифинг со новинарите, беа промовирани новините во примарната здравствена заштита, со цел, како што беше кажано, приближување и поедноставување на услугата за сите пациенти.

– Врз основа на детална анализа, која ја спроведе Министерството за здравство, со поддршка од останатите надлежни институции и во соработка со Светската здравствена организација, се увиде потребата од воведување системски решенија за трансформација на примарната здравствена заштита, што претставува основа на целиот здравствен систем, информираше министерот Фатмир Меџити.

Тој појасни дека трансформирањето на системот на ПЗЗ е во насока на модернизирање и интегрирање на услугите со други области на здравствениот систем, со посебен фокус на хроничните заболувања, како и трансформација на здравствениот систем од дијагностичко ориентиран – во пациент центричен систем.

На овој начин, нагласи тој, се врши растоварување на секундарното и терциерното здравство, преку засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административните процедури за препишување на хронична терапија.

– Паралелно со тоа ќе овозможиме поголем број лекари од општа пракса да имаат специјализација по семејна медицина, со цел пациентите да добијат што е можно повеќе здравствени услуги на едно место – ЕКГ, ЕХО, доплер, спирометрија, проширен ЛУ1 пакет и слично, појасни министерот.

Сите овие активности, рече тој, кои се дел од реформата на ПЗЗ, се реформска мерка и во програмата за економски реформи на Владата за периодот 2023 -2025, а доставен е и предлог да влезат во новата стратегија на Светска банка за партнерство со нашата држава за периодот 2024-2028 година.

– Неделава ја посветуваме на промоција на новините во системот на примарна здравствена заштита, отпечатени се информативни брошури со поддршка од СЗО, завршена е едукацијата за 700 матични лекари за новиот правилник за препишување лекови и во следните неколку дена планираме посети во повеќе здравствени домови во државата, со цел одблиску да ги запознаеме пациентите и докторите со овие новини, информираше Меџити.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој појасни дека одреден пациент од Крива Паланка, од Ресен или од Струга, што треба да стане во пет часот наутро и да патува со возило, со автобус, да изгуби работен ден, тој што има постари родители и да дојде да потпише за терапија, таа конзилијарната терапија што се препишува само на терцијарно здравство, односно на Клинички центар, отсега натаму ќе се препишува кај фамилијарните доктори.

– Ова е една од првите големи промени што ќе се случат во примарната здравствена заштита. Знаете, еден таков член на фамилија кога имате болен треба да дојдете во Скопје тој ден да потрошите и ден и да потрошите најмалку за превозни средства околу 2-3 илјади денари и тоа пациентите најдобро го знаат. Ова е првата мерка што ви ја најавив и првиот ден кога стапив како министер со мојот кабинет. И понатаму ќе следат и другите сите промени. Воедно да кажам дека во примарната здравствената заштита еднаш засекогаш правиме децентрализација на здравство, тоа што не успеавме еве со општините, со локалната власт да го направиме индиректно, ние преку примарната здравствена заштита ќе направиме децентрализација тотално на цело здравство низ цела држава. И едно да ви е јасно и на целата јавност дека еднаш засекогаш работите во здравство ќе почнат да се решат кога ќе имаме добра основа, кога ќе ги имаме овие промени во примарната здравствена заштита, подвлече министерот.

Тој изрази посебна благодарност до Канцеларијата на Светската здравствена организација за континуираната техничка помош и поддршка за зајакнување на здравствениот сектор во нашата држава, како и до сите колеги и соработници, вклучени во процесот, кои активно придонесуваат за унапредување на здравствениот систем и приближување на здравствените услуги поблиску до пациентите.

Министерот, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека се работи на ажурирање на „Мој термин“.

– Имаме идеја и за тоа како да го направиме и работиме со тимовите што побрзо тоа да можеме да го сведеме на минимум чекањето за термини за било што, за дијагностика или за обични прегледи кај специјалисти, нагласи министерот.

Поконкретно за новините во системот на примарна здрaвствена заштита, информираше доктор Злате Мехмедовиќ, координатор на реформите во примарната здравствена заштита.

Во заклучоците од анализата, тој рече дека упатствата за скрининг не се систематски имплементирани, а случаите се откриваат доцна, често како акутни случаи, ретко се дијагностицираат на асимптоматски пациенти.

– Хипертензијата и дијабетесот обично се дијагностицираат доцна, со манифестирани симптоми или развиени компликации во болнички услови. Оваа анализа покажа дека пациентите што ќе бидат дијагностицирани како дијабетичари или хипертоничари, се на третман со лекови. Сепак во студијата 27 отсто од оние кои беа идентификувани со трет трет степен на хипертензија и 41 отсто од оние кои беа откриени со хипертензија од втор степен, беа на монотерапија во времето на прегледот на медицинските податоци, посочи Мехмедовиќ.

Зборувајќи за ПЗЗ, сега повеќе од кога било, тој рече дека матичниот лекар е сеопфатно едуциран и компетентен да се грижи за хроничното заболување, согласно упатства пропишани од експерти.

– Проширена е листата на лекови и лабораториски упати што може да ги препишува матичниот лекар. Медицинската сестра е целосно едуцирана за унапредување на вашето здравје и за превенција на болести.Тимот лекар и сестра на ниво на ПЗЗ знаат точно што, каде и како треба да се направи за подобрување на здравјето.Тие го следат хроничното заболување и подобро го контролираат.Визијата за подобро здравство е, повеќе здравје поблиску до местото на живеење, нагласи тој.

Говорејќи за следни чекори, тој се осврна на обезбедување на специјализација по семејна медицина за лекари кои веќе работат како избрани лекари, надградба на софтверски модули во системот на „Мој термин“ за обрасци и модул за паметни упатувања кои преку е-клиничките упатства ќе помогнат при носење одлуки за услугите и ќе ја подобрат координацијата со секундарната здравствена заштита, креирање на нов профил медицинска сестра во ПЗЗ и развој на систем за електронско закажување кај избран лекар, опремување на одинациите на избраните лекари со сет за витални знаци – отоскоп, риноскоп, офталмоскоп, апарат за крвен притисок, стетоскоп, ЕКГ и инхалатор, опремување на избраните лекари групирани по тројца по региони со: спирометар и ЕХО, обезбедување финансиски средства за втора сестра и/или администратор и стимулација избраните лекари кои се специјалисти по семејна медицина, изготвување на упатства за избраните лекари од примарната здравствена заштита за дополнителни пет заболувања, изготвување на упатства за избраните лекари гинекологија, изготвување на упатства за избраните лекари педијатри.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: д-р Фатмир Меџитиреформи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ