• Latest

Превозниците од Северна Македонија, Србија и Албанија „натоварени“ со контроли и документи

October 8, 2019
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Превозниците од Северна Македонија, Србија и Албанија „натоварени“ со контроли и документи

October 8, 2019 10:10
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Границите, двојните контроли и непризнавањето на исти документи што ја следат стоката се основните пречки коишто сега го забавуваат движењето на возилата и ги прават неконкурентни превозниците од Северна Македонија, Албанија и Србија, оценуваат од Асоцијацијата на здруженија на работодавачите на превозните трговски друштва  Макматранс во пресрет на трилатералната средба што за утре и задутре во Нови Сад ја закажа српскиот претседател Александар Вучиќ со премиерите Зоран Заев и Еди Рама.

На средбата, како што најави Вучиќ,  ќе се разговара за отстранување на бариерите за слободен проток на стоки и услуги меѓу трите земји.

Гранични и административни бариери

-Иницијативата којашто е покрената е за поздравување  затоа што на овој начин се отвора голем пазар за пласман на стоки и услуги во трите држави подеднакво, со целосно укинување на сите нестандардни мерки  кои важат за најголем кочничар во растот и развојот на државите, од една страна, а од друга страна ќе се овозможи взаемно да се настапува на другите европски пазари, вели за МИА Билјана Муратовска, претседател на „Макамтранс“.

Според неа, за да се реализира замислата за воспоставување „економски слободи“  и да се отвори поголем пазар од оној којшто сите поединечно го имаме неминовно е целосно анулирање  на граничните и административни бариери за поголеми заемни инвестиции и проширување на производните капацитети со што би имале поголема конкурентност на големиот европски пазар и пошироко.

Сета стока што се произведува, како и досега, се превезува, пред се,  преку возила  во патниот сообраќај, во нашата држава тоа е 96 проценти, а ист случај е и за другите две држави со мал исклучок на Албанија која има излез на море.

Многу документи, малку ленти за товарните превозници

Муратовска препорачува дека за да се забрза протокот на стока потребно е да се укинат сите меѓународни транспортни дозволи меѓу државите за превоз на стока, односно билатералните, транзитните и дозволите за и од трета земја.

– Да се воспостави слободен проток на граничните премини со воспоставување една контрола и тоа кога се влегува во одредена држава контролата да биде од страна на државните органи на таа држава, а не паралелно на двете држави. Да се воспостават на граничните премини минимум две ленти за товарни возила како би се избегнувало создавање на долги колони и чекање од по 10 до 24 часа за да се премине граничната линија. Да се воспостави взаемно признавање на документи кои ја пратат стоката  за фито и ветеринарни прегледи (сертификати), кантарски белешки и други документи од аспект на квалитетот на стоката, наведува Муратовска.

Како што дополнува, треба да се почитуваат препораките на Светска царинска организација за  воспоставување приоритетни ленти за жива стока, стока во свежа состојба, опасна стока ( АДР)  и стока којашто се превезува согласно со единствениот транзитен систем со Т1 и Т2 документи. Станува збор за документи коишто се финансиска гаранција  дека секоја држава приемник на испорачаната стока ќе ги наплати фискалните давачки за таа стока, како царина, данок и сл.

За да се зголеми бројот на издавање на Т1 и Т2 документи во државата, укажува Муратовска, потребно е да се изврши и корекција на банкарските прописи и услугите на банките да се пресметуваат во промил, а не во процент, како што е случајот сега. Со тоа шпедитерите и имателите на поедноставни постапки ќе обезбедуваат поголеми банкарски гаранции и Т1 и Т2 документот ќе се вади во местото на утовар, а не на граничните премини или во Србија каде надоместот за таа услуга е многу помал, а со тоа ќе се намалат и застоите на граничните линии.  – Се работи за т.н. виртуални пари кои се обезбедуваат во вид на гаранција, а корисникот плаќа исто како да зел кредит, односно услугата е пресметана на месечно ниво во процент. Гаранцијата може да се активира само во случај стоката да не се предаде на корисникот на местото на истовар, што многу ретко се случува и за такви случаи постојат оправдани причини кои се докажуваат со соодветни документи, појаснува Муратовска.

Ветувања за заеднички гранични контроли 

Од  „Макамтранс“, асоција којашто е репрезентативна во оваа дејност во државава и обединува 1.500 превозници, неодамна апелираа да се надминат проблемите од српска страна за целосно функционирање на заедичката гранична контрола со Србија на преминот Прешево-Табановце, што официјално стартуваше на крајот на август.

Според најавите, наскоро претставници на царините од двете држави на средба во Белград ќе понудат решение со коешто би го забрзале протокот на стока на Табановце -Прешево, којшто е еден од наголемите и најфреквентни премини.

Заменик директорот на Царинската управа на Србија Веселин Милошевиќ вчера изјави дека царините на двете држави интензивно работат на подобрување на заедничката контрола на граничниот премин Прешево-Табановце, првенствено кај товарниот сообраќај.

– Околу 600 камиони влегуваат во Србија за 24 часа, што се смета за голем резултат, бидејќи царинската постапка на Србија во просек трае околу 2,5 минути. Од друга страна, колегите од Северна Македонија изразија загриженост од незадоволството на одредени здруженија на превозници, затоа што во Србија немаме капацитет да ги користиме т.н. брзи ленти наменети за камиони што се празни или само транзитираат низ нашата територија, изјави Милошевиќ.

Статистичките податоци покажуваат дека 57 проценти од размената на земјава во Западен Балкан отпаѓа на Србија. Минатата година трговската размена меѓу двете земји била 889 милиони долари и забележала раст од 11 отсто. Извозот бил 277 милиони со исто така 11 проценти раст, а увозот 611,8 милиони долари што е зголемување од 10,5 отсто. Во првите шест месеци годинава, пак, размената е 600 милиони долари.

Според најавите, до крајот на годинава треба да се воспостави заедничка гранична контрола и со Албанија на граничниот премин Ќафасан. Трговската размена со Албанија лани изнесуваше 166 милиони долари и за една година бележи раст од 15 проценти. И тамошните бизнисмени и експерти редовно порачуваат дека соработката може да биде многу поголема со конкретни барања за олеснување на царинските процедури, воспоставување заеднички технички стандарди на граничните премини и терминали и преземање иницијативи за зголемување на извозот и размената на добра. Истовремено како проблем се потенцира и состојбата на патната инфраструктура.

Најавувајќи ја средбата во Нови Сад претседателот на Србија оцени дека неговата  „епохална идеја“  добила „целосен консензус“ од премиерите на Северна Македонија и Албанија.

– Сфативме дека поединечно сме мали и слаби, но ако се обединиме во однос на економските слободи, ако излеземе како блок кон Европската Унија и другите, верувам дека нашата сила ќе биде неспоредливо поголема. Сакаме поцврсто економски да се поврземе, со што драматично би го зголемиле нивото на инвестирање, такво опкружување каде би имале целосна слобода на движењето, сообраќајот и услугите, сето ова би не подигнало и за тоа наидов на целосна отвореност на Заев и Рама, кажа претседателот на Србија.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ