• Latest

Пријавете го своето „исчезнување“ од Избирачкиот список

December 14, 2016
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пријавете го своето „исчезнување“ од Избирачкиот список

December 14, 2016 17:57
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријават случаи во кои нивното право на глас било оневозможено затоа што ги немало на Избирачкиот список на денот на изборите, 11 декември. Ова особено се однесува на оние што претходно биле на онлајн верзијата на Избирачкиот список, а не биле во него на денот на гласањето.

Пријавете го своето „исчезнување“ од Избирачкиот список по електронска пошта, на civil@civil.org.mk или на телефонскиот број 02 / 520 91 76. Притоа, треба да го кажете своето име и презиме, адресата на живеење и бројот на Избирачкото место од кое ве снемало. Пожелно е да имате скриншот (фотографија) од Избирачкиот список каде што претходно сте се увериле дека ве има.

ЦИВИЛ веќе го соопшти прелиминарните наоди за изборниот ден, во чии рамки се и податоците за повеќе стотици граѓанки и граѓани кои биле на Избирачкиот список, а на денот на гласање не им беше овозможено правото да гласаат, затоа што ги немало. Многумина од нив веќе поминаа низ процедурите да се регистрираат, да ги избришат фантомите на своите адреси, за потоа да откријат дека фантомите останале на нивните адреси, но нив мистериозно ги снемало.

Граѓанките и граѓаните ѝ помагаа на Државната изборна комисија да го ревидира Избирачкиот список, но за тоа не добија ни благодарам од институциите. Наместо тоа, дел од нив не гласаа поради хаваријата на овој документ. За таа неправда, надлежните треба да понесат одговорност, а грешката да се исправи час поскоро, бидејќи нè очекуваат локалните избори.

Оваа акција ја спроведуваме со цел сите заеднички да побараме исправка на грешката и одговорност за неправдата.

Не смееме да дозволиме фантомите и починатите да гласаат, а живите луѓе да си одат дома со прегазено основно право на глас.

Собраните податоци од онеправданите граѓанки и граѓани ќе ги доставиме до Државната изборна комисија, како што тоа го сторивме на 9 декември кога на ДИК им доставивме 104 целосно документирани случаи и имиња на уште повеќе лица за кои имавме индикации дека постои можност да „исчезнат“. Да потсетиме, на 9 декември немаше ниеден член на ДИК во зградата, па дури ни архивата не работеше, 48 часа пред изборите.

Tags: избориМакедонијафантомифантомски гласачиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ