Премиерот и министрите на вчерашната седница го прифатија предлогот на Министерството за информатичко општество и администрација за измени и за дополнувања на Законот за административни службеници, јавува МЕТА
Со предложените измени, како што се наведува во соопштението, се упростуваат постапките за напредување и за усовршување на вработените во државната администрација.
Владата, исто така, го усвоила заклучокот во врска со годишниот извештај на Народниот правобранител за состојбата со човековите права во Македонија во 2016 година, кој е доставен до Собранието на Република Македонија.
Владата, како што се наведува во соопштението, се обврзувала посветено да работи на унапредување на состојбите со човековите права и по доставените препораки од Народниот правобранител ќе преземе активности за нивно спроведување согласно Законот за Народен правобранител на Република Македонија.
извор: МЕТА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.