Пригожин му одговори на Путин. Тој рече дека неговата платеничка армија „Вагнер“ нема да се предаде. Тој рече дека Русија наскоро ќе има нов претседател и дека неговата војска напредува кон Москва за да ја освои.
Шефот на платеничката армија кажа дека тој и неговата војска се вистинските патриоти кои борат против корумпираната воена и политичка елита во Русија и дека нема да се повлече.
Пригожин се закани дека „ќе оди до крај“ за да го собори руското воено раководство и да го симне Владимир Путин од тронот.
„Одиме понатаму и ќе одиме до крај. Ќе уништиме се што ни стои на патот. “, рече Пригожин во аудио порака.
Во своите аудио пораки, Пригожин тврди дека неговите сили собориле руски воен хеликоптер.