• Latest

Пријатели на Западен Балкан: Време е за решителен напредок во евроинтеграцијата на регионот

December 16, 2024

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пријатели на Западен Балкан: Време е за решителен напредок во евроинтеграцијата на регионот

December 16, 2024 11:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за надворешни и европски прашања на Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија, собрани во групата Пријатели на Западен Балкан, испратија заедничко писмо до шефицата на европската дипломатија Каја Калас и до комесарката за проширување Марта Кос, во кое порачуваат дека е време за решителен напредок во интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и презентираат конкретни чекори за поддршка на регионот на неговиот пат кон ЕУ.

Во писмото до Калас и Кос, Пријателите на Западен Балкан наведуваат дека „со агресивната војна на Русија против Украина и другите безбедносни предизвици за нашиот континент, политиката на проширување, една од најефикасните геополитички алатки на ЕУ, доби нова и моќен поттик“, пренесува РТС. Како што посочуваат министрите, во таа смисла, Западен Балкан ќе биде геостратешки лакмус тест за Европската унија.

– Само со интегрирање на овој регион во нашето семејство на ЕУ можеме да обезбедиме стабилност и просперитет на нашиот континент, се вели во писмото.

Се искажува целосна поддршка за одлуката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да ја задолжи комесарката Кос да го унапреди процесот на проширување „во следните критични години, надградувајќи го со обновениот моментум“ и да работи на постепена интеграција.

– Ќе продолжиме да поддржуваме уште подинамичен, кредибилен и ефикасен процес на проширување. Дојде време за одлучувачки напредок и ние ќе продолжиме да му помагаме на регионот да ги постигне суштинските чекори на патот кон пристапување во ЕУ, се вели во писмото.

Министрите повикуваат на воспоставување јасна агенда и временска рамка за целосна имплементација на Планот за раст и унапредување на постепената интеграција во единствениот пазар, како и во другите политики на ЕУ, кога ќе се исполнат сите потребни услови.

Пријателите на Западен Балкан сметаат дека тоа треба да обезбеди опиплива перспектива за членство во ЕУ и да произведе повидливи резултати за граѓаните на Западен Балкан, особено за младите, како и да придонесе за зајакнување на нивната поддршка за ЕУ.

За да се постигнат овие цели, тие ги охрабруваат партнерите од Западен Балкан да ги забрзаат неопходните реформи, да се ангажираат за регионална соработка, да ги поттикнуваат добрососедските односи преку помирување и решавање на отворените прашања и да спроведат заеднички регионален пазар кој е „отскочна даска кон единствениот пазар“.

Во писмото, исто така, се повикува на продлабочување на ангажманот и соработката во заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) и се сугерира партнерите од Западен Балкан да бидат поканети на неформална размена на мислења за време на состаноците на Советот на ЕУ за надворешни работи и неформалните состаноци на шефовите на дипломатиите на ЕУ, таканаречените Gymnich состаноци за да се разговара за безбедноста и отпорноста на Европа во контекст на глобалните предизвици.

Министрите се залагаат за поредовна и структурирана неформална размена на мислења, соработка преку Политичко-безбедносниот комитет, дијалози за заедничката безбедносна и одбранбена политика, заеднички проекти, а предлагаат и зголемување на присуството и видливоста на ЕУ на Западен Балкан „преку почести и координирани министерски посети“.

Пријателите на Западен Балкан оценуваат дека проширувањето на ЕУ, како еден од главните приоритети во претстојниот институционален циклус, треба да се одрази во следната повеќегодишна финансиска рамка на Унијата и предлагаат подобро насочување на ИПА фондовите со цел да се олесни пошироката учество на партнери од регионот во програмите и агенциите на ЕУ.

Истовремено, се нагласува и дека „е неопходен процес на внатрешни реформи во ЕУ“, кој треба да напредува паралелно со пристапниот процес, но не треба да се смета за предуслов за проширување.

Тие оценуваат и дека ЕУ мора да ги подготви граѓаните за идните проширувања и порачаа дека комуникациската кампања не треба да ги вклучува само институциите на ЕУ и земјите членки на Унијата, туку и партнерите од Западен Балкан.

– Главниот приоритет на новата Европска комисија е да ги промовира европскиот просперитет, безбедност и демократија. Во овој нов институционален циклус на ЕУ, новиот моментум на нашата политика за проширување кон Западен Балкан треба да биде клучен двигател за постигнување на овие стратешки цели. Со нетрпение очекуваме да работиме со вас и би поздравиле рана размена на мислења за тоа како придружувањето на Западен Балкан во ЕУ да го направиме успешна приказна во наредните години, се заклучува во писмото.

Писмото го потпишаа министерот за европски и меѓународни прашања на Австрија Александар Шаленберг, потпретседателот на италијанската Влада и министер за надворешни работи и меѓународна соработка Антонио Тајани, министрите за надворешни и европски работи на Хрватска и Словачка Гордан Грлиќ Радман и Јурај Бланар, министрите за надворешни работи на Чешка и на Грција, Јан Липевски и Јоргос Герапетритис, и вицепремиерката на Словенија и министерка за надворешни и европски прашања Тања Фајон.

Фото: МИА архива

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ