• Latest

Прилепските бранители заборавени од власта!

February 8, 2017

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Прилепските бранители заборавени од власта!

February 8, 2017 16:46
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Перо Ташкоски почина од тешка болест, Крсте Богески живее без струја и без храна, а десетици други заминаа низ годините од преживеаниот стрес и поради стравотните социјални проблеми, со кои не можеа да се изборат… Овие бранители, членови на Здружението на резервни воени обврзници (ЗРВО), учесници во настаните од 2001 година,  денес се дискриминирани од политички причини и затоа што не се блиски до власта, го плаќаат цехот со безработица, болести и смрт.

Перо Ташкоски, починат бранител

Прилепскиот бранител Перо Ташкоски, член на Здружението на резервни воени обврзници, учесници во настаните од 2001 година, почина во тешка сиромаштија, не можејќи да се избори со злокобната болест. Неговото доскоро тричлено семејство опстануваше со минималната пензија на неговата сопруга, којашто беше прогласена за технолошки вишок. А, тој со 54 години, и со само три ипол години работен стаж, стекнат во „Лозар“ – Кавадарци и во Кикинда, не успеа да најде работа.

Крсте Богески, бранител

Неговиот другар, бранителот Крсте Богески на свои 58 години остана без работа, без егзистенција, без иднина. И тој е прогласен за технолошки вишок, од фирмата во која работел 20 години како продавач, пријавен со скратено работно време. Па, и тие околу 5.000 денари со кои едвај врзувал крај со крај, сега не може да ги добие.

„Барам помош, барам решение за мојот живот. Исклучена ми е струјата, не можам да ги платам сметките за вода. Немам пари за храна. Ако не се моите пријатели во Здружението на бранителите во Прилеп, нема да преживеам. Се обратив до институциите, но што, фајде нема, никој не сака да ми помогне. Не знам како ќе живеам натаму“, вели Богески.

И не само овие луѓе, многу членови на Здружението на резервни воени обврзници, учесници во настаните од 2001 година, токму затоа што не се блиски до власта, не можат да најдат работа. Оставени се сами на себе, без помош. Често и просториите во кои се среќаваат, во бизнис-центарот во Прилеп, остануваат без струја, зашто никој не им помага.

„А, баравме со години, работа, поволности за лекување, баравме можност за решавање на станбеното прашање на нашите членови. Баравме и други бенефиции, зашто тогаш кога ѝ бевме најпотребни на државата, бевме во првите редови, на браникот на слободата, бранејќи го интегритетот и суверенитот на оваа наша земја – Мајка“, вели Рубин Секулоски, претседател на Здружението.

Денес, ова Здружение брои околу 1.200 членови и ретко кој од нив, може да се пофали дека живее без социјални проблеми. Секоја година, велат, се соочуваат со најтрагични вести: некој нивен соборец, маките ги плаќа со својот живот, неможејќи да се избори со стресот.

„Не оти се надевам дека некој ќе ни помогне во овие услови, но јавноста треба да знае, дека оваа држава ги остави без целосна грижа прилепските бранители, само затоа што не се блиски до власта“, вели Секулоски.

Моника Талеска

Tags: болестибранителиВМРО-ДПМНЕЗРВОКрсте БогескинерамноправностПеро ТашкоскиПрилепРубин Секулоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ