Државната изборна комисија во сорботка со Меѓународна фондација за изборни системи, ИФЕС, а финансирана од УСАИД, организира стручната тркалезна маса на тема „Примена на нови технологии во изборните процеси”, што ќе се одржи утре, 17 јануари во хотелот „Холидеј Ин” во Скопје со почеток во 9:30 часот.
Тркалезната маса ќе ја отворат претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски и потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Фросина Ременски Ташевска.
Целта на оваа тркалезна маса е да се иницира дискусија помеѓу релевантните страни во изборите за можноста и потребата од воведување и користењето на нови информатички и комуникациски технологии во изборните процеси и презентација на различните меѓународни искуства, пренесени од страна на видни експерти и практичари од оваа област.
На тркалезната маса се поканети да учествуваат претставници од клучни институции, како што се Собранието на РМ, Министерството за внатрешни работи, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за правда, Министерство за надворешни работи, Државниот завод за статистика, други институции, надзорни тела, граѓански здруженија и претставници од меѓународната заедница во Скопје.
Б. Ј.