Со приближувањето на денот на изборите, се зајакнува и воспалувачката меѓупартиска реторика. На досегашните доминантни наративи се надоврзаа и неколку нови, како -прислушување во АНБ, хибридни закани од странски центри на моќ и морбидната кампања со фотомонтажи– кои пред се служат за меѓусебно препукување и оцрнување на противникот, особено се кај најголемите претставници на македонското гласачко тело.
Во контекст на анализата на Драган Мишев на ЦИВИЛ Медиа „Македонски блок 2025: Доминантните наративи проширени и надградени“, како што забележа тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани, (ЦХТМ), во предизборието секако не недостасува говорот на омразата, но има и девијантни појави на напад врз материјалните добра на поединци, како кога на 9 септември околу 3 часот по полноќ, од непознати сторители беше запален и пеплосан автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе, претседател на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на скопската Зоолошка градина. Галетановски.
Она што изостана, се реакциите и наративите кај претставниците на македонскиот политички блок за српскиот свет во кој се вовлекува Северна Македонија, додека низ земјава се шетаа високи српски функционери, придружени со регуларни полициски и униформи на српска војска, претставници на српски боречки здруженија во паравоени униформи, гуслари, придружувани од вицепремиерот во македонската влада, Иван Стоиљковиќ, додека на Кајмакчалан носејќи српско, црногорско и грчко знаме го прогласија „спрпското васкресење“, а кајмакчалан за „порта на Србија“
ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата. Во соработка со ЦХМТ
ПРОЧИТАЈТЕ И:
Македонски блок 2025: Доминантните наративи проширени и надградени