• Latest

Притисоци за „задолжително присуство“ на митинг, политичка кампања полна со навреди, уништени билборди, продолжува злоупотребата на деца

October 1, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Притисоци за „задолжително присуство“ на митинг, политичка кампања полна со навреди, уништени билборди, продолжува злоупотребата на деца

October 1, 2021 16:54
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Притисоци и злоупотреба на службена положба од раководител на образовна установа кој преку СМС пораки ги повикувал вработените на „задолжително присуство“ на партиски митинг. Продолжува црната и навредливата кампања. Децата се почесто на партиските собири седат до или во скутот на политичките лидери и кандидатите за градоначалници.

Притисоци и злоупотреба на службената положба

СМС пораки со назнака дека „присуството е задолжително“ на предизборен собир на Демократската унија за интеграција испраќал раководител до вработените во една образовна установа. ЦИВИЛ располага со доказ за пораката од телефонскиот број на раководителот на образовната установа.

Ваква СМС порака добиле и други вработени од установата, а под зголемен притисок биле оние што немале решенија за постојан работен однос, на кои им било упатено „потсетување“ дека треба да се докажуваат за да го задржат работното место, вели лицето што го пријави случајот.

Говор на омраза, добро организирана црна пропаганда

ЦИВИЛ секојдневно бележи и архивира случаи на говор на омраза, дезинформации и манипулации со фактите кои се лиферуваат на социјалните мрежи и во дел од медиумите. Дел од објавите на социјалните мрежи кои доаѓаат претежно од редовите на опозицијата, пред сè, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, содржат навреди или манипулации чија цел е предизвикување говор на омраза во коментарите и дискредитација на политичките противници.

Честа мета на навреди, говор на омраза, манипулација со фактите или чисти измислици се и граѓанските организации, вклучително и ЦИВИЛ. Многу често, не се коментираат фактите во содржините, вестите и извештаите на ЦИВИЛ, туку се менува темата или директно се изнесуваат невистини, навреди и омраза во коментарите.

Продолжува политичка злоупотреба на деца 

Злоупотреба на деца се бележи во случајот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник Тони Михајловски со фотографии на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово на 27 септември.

Политичка злоупотреба на деца се бележи и во случајот со лидерот на Партија за демократски просперитет на Ромите (ПДПР), Аксел Ахмедовски, кој објави фотографии со деца на Фејсбук во изборен контекст на 30 септември.

ГРАД СКОПЈЕ

Актуелниот градоначалник и кандидатот на СДСМ за Град Скопје, Петре Шилегов, истакна дека ова се избори помеѓу политика на континуитет што води кон друштвото на развиените градови или враќање кон лажните митови и криминалот кои нѐ уназадуваа со години!

„Скопјани и скопјанки ќе одберат развој и континуитет на нашиот град, затоа што луѓето се над политиката. Скопје е над политиката. Во Скопје сите сме подеднакво важни, без оглед од кое негово место доаѓаме, и во периферијата и во центарот“, истакна тој.

Скопскиот градоначалник информира дека градежната офанзива нема да запре, со проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“ накај Драчево ќе се олесни протокот на возила бидејќи таму гравитираат околу педесетина илјади жители – кажа градоначалникот на Град Скопје Шилегов, кој денеска беше таму на увид. Паралелно вели се работи и во општина Ѓорче Петров, а се имплементира и брзиот трамвајски превоз.

И лицерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски присуствуваше на презнтацијата на програмата на кандидатката Данела Арсовска. Таа ветува дигитален град, зелени политики, модерна инфраструктура.

„Во областа на економијата, ќе овозможам иницијатива за креирање на меѓународен проект за првиот информатичко – иновациски парк во државата, Скопје ИНОПАРК – современа и иновативна инфраструктура наменета за развој на високо технолошки компании и креативни тимски работни процеси на старт ап компании. Потоа следува спроведувањето на идејата за дигитален град – SMART СКОПЈЕ со што се опфаќа проширување на оптичката мрежа во градот, паметни системи за наводнување и осветлување на јавните простори. Третата област е еколошката мобилност и креирањето модерна инфраструктура за велосипеди со креирање на нови велосипедски патеки за безбедно поврзување на сите делови од градот. Како четврта клучна област е образованието и фокусот на младите, со што се обврзувам да биде предводник во изградба на модерна образовна инфраструктура и современи услови за учење според ЕУ стандарди“, вели Арсовска.

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

Алијанса за Албанците и Алтернатива реагираат дека во четвртокот вечерта, неколку билборди со ликот на нивниот кандидат за Тетово, Вулнет Мурсели, беа уништени.

„Ваквите вандализми се срамни намери на неуспешни индивидуи во политиката со намера да ги вовлечат во нивното срамно оро нашите активисти. Ги уверуваме симпатизерите, гласачите, но, посебно сите граѓани на Тетово и околината дека коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива и тимот на Вулнет Мурсели не паѓаат на нивото на тие што ги опфатил страв и паника од губење на изборите кое ги очекува.

Очекуваме од истражните органи и тие на обезбедувањето на ред и мир да го расветлат ова срамно дело и сторителите да бидат казнети според законот и кривичниот законик“, велат од Алијанса и Алтернатива.

СДСМ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вели дека Мицкоски постојано зборува за минатото, сака да си се вратат во минатото – тоа е за него новата иднина.

„Стари режимски кадри и нова иднина не одат заедно! Не може луѓе свртени кон минатото да реализираат иднина. И тие, петтоцифрените бројки со коишто се расфрлаат – за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се проекти, пари се, за во нивните џебови, за провизии, тајни набавки и криминали. Само тоа ги интересира – власт и моќ. Никогаш повеќе да не се повтори режим. Додека не се реформира ВМРО-ДПМНЕ не може да ја добие довербата од граѓаните на кои било избори“, вели Заев додавајќи дека во меѓувреме, СДСМ го продолжува развојот на домашен план со проекти на домашен план, во општините и натамошно интегрирање на државата на меѓународен план.

ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пак вели дека иднината со СДСМ не е иднина. Тоа е иднина на статус кво.

„Иднината со СДСМ е иднина без проекти, без конкретни чекори, со паушални постапки и импровизации, иднина во која нивниот збор ќе вреди како досега, едно големо ништо.  Затоа јас ќе продолжам да се борам без разлика на сѐ.  Да бидеме истрајни! Овие избори се шанса за промени, шанса за подобро утре.

За тоа каде сме сега најдобро говори тоа што може да се чуе на митинзите на власта. Ништо ново, ништо прецизно. Старите обвинувања, старите фрази и старите лаги. Ова се избори на кои се одлучува во каков правец ќе продолжи нашата држава“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ

Под мотото „Избери живот, гласај зелено“, Демократската унија за интеграција денеска ја претстави изборната програма за општина Арачиново.

Кандидат за градоначалник на ДУИ, Ридван Ибрахими, истакна дека главните столбови на програмата за подобар живот за Арачиново се подобрувањето на патната инфраструктура, грижата за водоводната и канализационата мрежа, подигнување на нивото на јавна чистота, поголем квалитет во областа на образованието, зајакнување на механизмите за поголема здравствена и социјална благосостојба. Ибрахими, меѓу другото, нагласи дека неговиот фокус во новиот четиригодишен мандат ќе биде особено решавање на проблемот со водоснабдувањето, преместување на депонијата од Арачиново и регулирање на главниот пат во форма на булевар, но исто така и други проекти што ќе овозможат стандарден подобар квалитет на живот за жителите на Арачиново.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ:

  • Караванот „Најдоброто за мојата општина“ денеска е меѓу граѓаните на Градско, Чашка, Велес и Илинден.
  • Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во повеќе населени места: Демир Хисар, Новаци, Могила и на плоштад „Магнолија во Битола.
  •  Маалска средба на „Зелен хуман град“ и Ана Петровска со жителите од Драчево
  •  Изборни активности на Движењето Беса во Струга.
  • ДУИ денеска ќе ги одржи своите предизборни митинзи во Хасанбег и Арачиново, каде на граѓаните ќе им ги претстави изборните програми за овие две населени места.

Д. Муратов 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    175 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ