Categories

КОСОВО Приведен советник во Косовската влада од српската гранична полиција

На граничниот премин Мердаре, помеѓу Косово и Србија, од страна на српската полиција е запрен Небојша Јаковљевиќ, советник во Министерството за труд и социјала во Владата на Косово, една недела откако истото се случи и со Бобан Станковиќ, заменик министер за култура.

Веста ја објави косовскиот премиер Рамуш Харадинај, нагласувајќи дека на овој начин српските власти продолжуваат со притисокот врз граѓаните на Косово со српска националност.

Харадинај на својата Фејсбук страница објави: „Приведувањето на Небојша  Јакољевиќ  од српските власти во Мердаре е уште еден чин кој е неприфатлив и е за осуда. Јаковљевиќ е советник во Министерството за труд и социјала, дел од партијата СЛС и брат на потпретседателот на општина Обилиќ, чие семејство го посетив во текот на минатиот месец  декември.“

Оваа „форма на притисок и закани врз граѓаните од српската заедница на Косово“ тој остро ја осуди во името на Владата на Косово.

„Овој чин не е единствен и изолиран, туку е дел од една оркестрирана кампања на српската власт, со цел да предизвика притисок врз Белград  да престане со таквите дејствија“, изјави Харадинај.

Премиерот Харадинај бара од Европската Унија и од меѓународната заедница да извршат притисок врз Белград за да се спречат понатамошните вакви дејствија.

„Косово е посветено на дијалогот, кој ќе овозможи постигнување на еден конечен договор со соседната држава и секој чин кој го попречува ваквиот дух е неприфатлив. Апелирам кај Европската Унија и меѓународната заедница да направат напори и да извршат притисок врз Белград да престане веднаш со таквите секодневни дејствија против граѓаните на Косово, од кои јасно се препознава патот кој го одбрала Србија против слободата на движење, европскиот дух на соработка и заедничките вредности“, напиша Харадинај.

Ј. М. П.

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email