• Latest

Привршуваат консултативните средби за стручното образование, МОН очекува да се отворат повеќе дуални паралелки

February 24, 2021
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Привршуваат консултативните средби за стручното образование, МОН очекува да се отворат повеќе дуални паралелки

February 24, 2021 12:58
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Консултациите со компании, стопанските комори и локалните самоуправи кои ги организира Министерството за образование и наука во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ денеска продолжија во Скопје, со цел да се утврди потребата од отворање нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата од идната учебна година и низ дијалог со реалниот сектор и според барањата на пазарот на трудот да се дизајнираат наставните програми и уписните политики.

Кампањата за промовирање на предностите на средното стручно образование низ општините МОН ја почна овој месец. Министерката Мила Царовска изјави дека дискусиите се при крај и ќе завршат до 1 март. Посетени се речиси сите градови, остануваат уште три општини каде што во наредните денови ќе бидат организирани консултативни средби.

-Потоа се сумираат сите заклучоци од средбите, се комуницира со општините и градоначалниците, училиштата и стопанските комори и понатаму конечно ќе се објават во огласите. Очекувам да произлезат што поголем број дуални паралелки. Секој чекор напред во средното стручно образование дава поттик на економијата и на државата. Затоа е многу значајно да имаме стручен кадар бидејќи недостигот од него е многу голем во нашата држава, рече Царовска.

Посочи дека преку дуалното образование учениците ќе се оспособат со вештини со кои бргу ќе се вработат, а компаниите ќе го најадат кадарот што сега е дефицитарен. Соопшти дека според истражувањето кое опфатило 400 компании, 85 отсто се подготвени да ги вклучат учениците или во дуално образование или во феријална пракса.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во однос на реформите во стручното образование соопшти дека главниот град има 23 средни училишта, а 15 од нив продуцираат стручен кадар.

-Во овој процес ги вклучуваме и компаниите, за децата преку дуалното образование да бидат доволно стручни и доволно способни, а да бидат продуцирани согласно со барањата на пазарот на трудот и компаниите кои имаат дефицит од кадар. Целта е учениците утре да бидат и стручни, но и конкурентни на пазарот и добро платени, рече Шилегов.

Проектот „Учи паметно, работи стручно“ се спроведува со поддршка на Амбасадата на Швајцарија. Амбасадорката Сибил Зутер Техада истакна дека целта е да се приближи приватниот сектор до образованието.

– Швајцарија е пример за дуално образование, што ја прави нашата економија многу конкурентна.  Во серијата настани што ги одржувавме, пред се, среќаваме да ги слушнеме потребите на приватниот сектор, да каже кои се пречките, да отвориме дијалог со МОН и со стручните училишта. Дијалогот е клучен за овој проект да биде успешен, нагласи амбасадорката на Швајцарија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ