• Latest

Признавањето на важноста на ромскиот јазик треба да биде дел од напорите за спречување на сите видови дискриминација

November 5, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Признавањето на важноста на ромскиот јазик треба да биде дел од напорите за спречување на сите видови дискриминација

November 5, 2020 11:29
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Светскиот ден на ромскиот јазик се одбележува денеска, 5 ноември, прогласен во 2015 година од УНЕСКО и повика на зачувување на ромскиот мајчин јазик, традиција и вредностите на ромската заедница насекаде низ светот.

„Ромскиот јазик мора да биде зачуван, бидејќи ова е древен јазик, со сите јазични одлики на современиот јазик што е во опасност од исчезнување… Затоа, со одлуката да се прогласи Светскиот ден на ромскиот јазик, УНЕСКО ја нагласува потребата за зачувување и понатамошен развој на споменатиот јазик. Јазикот на еден народ е главен чинител на културниот и национален идентитет. Бројот на Роми во Европа е меѓу 10 до 12 милиони. Во повеќе од 60 проценти од земјите во Источна и Југоисточна Европа се говори ромскиот јазик“, образложува УНЕСКО.

Ромскиот јазик (romani chib) и неговите многубројни богати варијации беше прогласен за официјален јазик на Ромите на Првиот светски ромски конгрес кој се одржа во Лондон во 1971 година. До денес, тој останува еден од највредните идентификатори и средства за комуникација, социјализација и културна интеграција за 10-12 милиони Роми што живеат во Европа.

Од 25-те земји-членки на Европската повелба за регионални или малцински јазици, 17 официјално ги признаа Ромите како малцински јазик традиционално присутни на нивната територија. 

Денеска премиерот Заев преку видео обраќање го честиташе Светскиот ден на ромскиот јазик, а притоа обрна внимание на два клучни моменти. Едниот е признавањето на важноста на ромскиот јазик и поддршката на Ромите во нивната социјална инклузија и учество во развојот на нашата  заедница. А другиот е дека во 2019 и почетокот на 2020 година се издадени 1.000 примероци на македонско – ромски речник и 800 примероци на Граматиката на современиот ромски јазик од авторот Латиф Демир.

„Славењето на толеранцијата и почитувањето и поттикнувањето на културната разноличност, за нас во Република Северна Македонија претставува признавање и почитување на разноличностите во нашата држава низ историјата до денес, и во иднина“, истакна Заев.

Заев додаде дека клучна улога во овие процеси има образованието за да обезбеди можности за учење на историјата и културата на различностите во сопственото и во другите општества.

„Во таа насока е и публикувањето на Граматиката на современиот ромски јазик која има за цел да придонесе и во стандардизацијата на литературниот ромски јазик. Припадниците на Ромската заедница од Република Северна Македонија имаа пресудна улога во официјализирањето на ромскиот јазик во мапата на јазиците на народите на светот со иницијативата и со делото на професорот Јусуф Шаип. Тој го посвети целиот живот на стандардизација на ромскиот јазик и за негово вклучување во образованието. Во духот на зачувување на ромскиот јазик, со финансиска поддршка  на Владата  на Република Северна Македонија, во 2019 и почетокот на 2020 година се издадени 1.000 примероци на македонско – ромски речник и 800 примероци на Граматиката на современиот ромски јазик од авторот Латиф Демир. Македонско-ромскиот речник содржи повеќе од 10.000 зборови“, додаде Заев.

А. П. 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ