• Latest
Војо Маневски

Продажба

September 8, 2022
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Емпатија кон суверенот

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на FRANCE24

Романија, Полска и Португалија денес гласаат на тесни и неизвесни избори, клучни за нивната иднина

May 18, 2025
Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор Ukrainian Institute of America)

ЦИВИЛ го одбележува 18 мај: Солидарност со кримските Татари против историските и тековните репресии

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBC News

ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Хамас предлага ослободување на повеќе заложници во новите разговори за прекин на огнот по израелската офанзива

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Во Ватикан се одржува инаугурациската миса на папата Лео XIV, Зеленски и Џ. Д. Венс меѓу присутните

May 18, 2025

Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот врз кримскотатарскиот народ и Ден на сеќавање на жртвите од политичките репресии: Русија го наследи советскиот систем на репресија, криминал и убиства

May 18, 2025
Фотомонташа: Скриншот од видео на ЕВН/ екран од мобилен

Пола Македонија рано утрово без струја, телефоните за пријавување дефекти на ЕВН останаа „глуви“

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Двајца загинати и 19 повредени при судир на брод на мексиканската морнарица во Бруклинскиот мост

May 18, 2025
Фотографија: Скриншот платформа Х

Макрон повика да се инвестира во Албанија, која во 2027 година ја гледа во ЕУ

May 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Продажба

September 8, 2022 09:14
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Следниве денови и недели ќе се наслушаме и начитаме за распродажбата на националните интереси и идентитетски обележја. Не знам како се одредува што е национален интерес и дали тоа е државен интерес или народен и тоа посебно на секој од народите спомнати во Уставот. Државен интерес би требало да биде опстанокот на државата и нејзиниот развој, како простор каде граѓаните ги остваруваат своите права и извршуваат обврските на социјален, економски и безбедносен план. Или на поедноставен јазик, државата треба да овозможи пристоен живот на што поголем дел од нејзините граѓани, кои плаќаат даноци за функционирање на државниот апарат. Во нашиот случај тоа изнесува половина од секој заработен бруто денар. Има дефиниции околу оваа тема, а научни согледувања колку сакаш.

Поединечно секој има свој интерес и би требало тој да е сместен во рамките на државата и нејзините закони. Ова дефинирање изгледа како унија и пресек во лекциите за учениците од трето одделение како најпластичното објаснување и наједноставно. Е сега дојде време да се расправаме, дали некој го распродава оној заедничкиот дел и дали парите ги става во сопствениот дел од целината или во заедничкиот дел. Овде морам да ја употребам омилената реченица на некои од нашите политичари „се поставува прашањето“, што е тоа што се продаваше досега, а што сега ќе се продава?

Првата претпоставка за двостраниот договор на купопродажба е постоењето на две страни. Ако некој од нашата страна е продавачот, тогаш кој е купувачот? Секогаш кога слушнам – ја распродадоа државата, се прашувам кој ли е купувачот? Кој ли нас ќе нѐ купи вакви какви што сме?

Приватизацијата беше пример на распродажба на економската основа на државата. Последиците ги согледуваме секој ден. ЕВН ни наплаќал пренос на енергијата повеќе од што е паричниот износ за потрошената енергија. А продажбата беше оценета како „бонбона зделка“. Најобичен сметководител може да пресмета колку е профитот за овие 18 години и колку е инвестицијата на компанијата, која не произведува енергија, туку само ја дистрибуира до потрошувачите. Резултатот според познавачите е еднаков на вкусот на бонбоната во устата на купувачот. Слатко и со вкус на овошје. Не можеме да очекуваме дека нема да се раководат според можностите за сигурен профит. Државните органи се должни да контролираат дали неизвршената наплата на некои делови од мрежата ја компензираат со пресметки за наплата на мрежата во целост. Тие купиле заради профит, а органите на државата се за да го штитат интересот на граѓаните, како продавачи.

Се сеќавам на мислењето на угледниот економист Глигоров кој велеше дека не е проблем да се продадат успешните државни компании, туку проблем е да се трансформираат неуспешните компании и со приватен капитал да станат рентабилни и тоа ако не во целост тогаш барем оној дел што има пазарно оправдување. Се сеќава ли некој на ваков пример? Кај нас во сиромашниот Исток ретки се позитивните примери. Значи се потврди дефиницијата дека нешто можеш да продадеш ако има кој да го купи, а ако нема тогаш го распродаваш по багателна цена или го подаруваш. Важно е да си на пазарот, иако дома ништо нема да ти остане.

Банкарскиот систем е заокружен и заштитен како средновековна тврдина. Позајмувањата на државата во облик на државни записи се на неделна основа и тоа значи дека функционирањето на државата зависи од кругот на банки. Процесот на инфлаторни движења може да биде профитабилен, ако се дефинира заедничкиот интерес на истите тие банки како доверители на целата држава. Значи овде нема понуда за продавање, туку заштита на постојните услови за профит. Барања за влез во тој круг ќе има и ќе бидат скриени во неодредени дипломатски изрази и  популистички историски теми на купувачите заштитени од нивните држави. Во овој сектор под политички притисок можно е да има продавање, купување зошто има и што да се продаде и кој да купи. За ова ќе има само стручни расправи без поголема партиска врева зошто не носат покачување на температурата кај електоратот. А кога нема покачена температура, тогаш нема услови за  манипулација пред избори.

Да го продадеме економскиот простор. Кој ќе го купи сега кога полит економистите од деведесеттите, опиени од либерализмот сметаа дека пазарот е лек за сите наши болести? Ја отворија економијата и се фалеа дека со разни спогодби и билатерални договори имаме пазар од 20 милиони корисници. Резултатот е затворање на економските капацитети со оправдување дека не биле рентабилни. Со спортски речник сѐ беше како во ринг да се влезе со професионален боксер. Многу ќотек по вработените, профити за мешетарите и по некој политичар што стана бизнисмен. Да го затвориш ЗИК „Црвена ѕвезда“, кој беше заокружен систем од нива до трпеза е рамно на велепредавство не многу помало од прифаќањето на Самоил како бугарски цар. Замислете ако се водеше умна политика во производството на храна и субвенциите не се вложија во купување на социјален мир и неопходни гласачи, туку во осовременување на наследените  земјоделски системи претворени во јавни претпријатија или акционерски друштва со доминантен државен капитал. Производството на храна е највисок интерес во секоја сериозна држава. Овче Поле, Пелагонија, Извор Богданци, Лозар.  Има ли уште некој да се сеќава на овие имиња, кои сега во оваа криза на храна ќе беа еднакви по вредност со ТИРЗ- овите. Но, ама имаше и кој да продаде и кој да земе за малку пари. Увозното лоби што изнесе стотици милиони евра направи само пустош во македонските села и гратчиња. Изговорот дека селски народ во втора генерација сака да живее во град, а не да сади пиперки сега ќе се плаќа со високи цени ако не и со стегање на каишот. Дури сега согледуваме дека во сѐ имало систем за купување за мали пари. Продавачите останаа и без тезги и без ниви.

И што сега ќе продаваме почитувани сограѓани? Велат ќе сме го распродавале идентитетот, историското наследство. Во таа дефиниција за идентитетот влегува ли и нашата склоност кон коруптивното однесување?

Влегува ли во таа возвишена дефиниција неспособноста за триесет години да воспоставиме правна држава која ќе донесе поголема правна и економска стабилност, а со тоа поголем стандард на граѓаните?

Влегува ли во описот на тој идентитет кој го браниме од распродажба и нашата недговорност кога ни се довери функција, која бара домаќинско располагање со заедничките средства?

Влегува ли таму и неказнивоста на актерите што на очиглед си го пресипуваа заедничкото богатство во своите вреќи?

Добро би било да можеме тој дел од идентитетот да го продадеме, ама кој ќе нѐ купи? Соседите таков квалитет имаат и за извоз само и ним нема кој тоа да им го купи. Да го подариме ниту тоа нема кому. Таков подарок никој не сака, а потврда за тоа е нашиот пат кон Европа долг веќе две децении. Не сака старата Европа такви подароци, а ни не помислува да даде пари за таков „квалитет“.

Отворен Балкан мене ми личи на враќање на почетокот откако се изгоревме на разните големи национални идеи за независни и самостојни држави. Или во духот на целиот овој напис за продажбата откако видовме дека магла никој не купува, решаваме да работиме нешто конкретно кое ќе ни помогне засега да преживееме, а после да може да се надеваме на пристојно живеење.

Историјата, дел ли е од нашиот идентитет? Секако, велат познавачите. И не е на продажба велат други. Еее, да беше на продажба и да има кој да ја купи како што имаме историја има сите да се офајдиме. И ако нема доволно историја овде се дузина модерни историопишувачи има да напишат доволно историја и за нас и за извоз. Соседите нема да ја купат бидете спокојни и тие се со ист суфицит на таква материја. И кај нив нема заинтересиран купувач, па ја продаваат за мали пари на домашниот пазар.

Велат ќе нѐ продале, ама прво ќе нѐ обезличиле. Така ќе ни паднала цената. На крај била можна и компензација при трансакција. Во тој процес на обезличување не верувам зошто досега никој на овој народ не му го видел вистинското лице. Еднаш е кроток и гостопримлив, а друг пат е недоверлив и избувлив, некогаш е со природа опишана како „ниту се тера, ниту се води“. Е од тие лица нека бираат, па нека обезличуваат да видиме кој лик ќе ни наметнат. Се сме биле во изминатите векови и  милениуми така што какво и лице да ни наденат ќе ни биде познато. Ќе нѐ направеле слуги! Овде само би коментирал „што ми е познато тоа лице“.

Значи, господо политичари и интелектуалци, понудете ни нешто за да имаме и ние што да купиме со истенчените ни џебови, а не се секирајте за нашето продавање! Ниту сме прилика за продавање, а богами и нема кој да нѐ купи.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    95 shares
    Share 38 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ